„Доказ оставен на сончање на ливада од страна на раководното лице во ЈПКД Комуналец Гевгелија.
Утоварач УЛТ 34-08 и во ваква состојба минатата година трошел нафта. Но, симптоматично е што има четири различни гуми, сите во неупотреблива состојба, а фактурите за гумите покажуваат други модели на гуми и во друга состојба. Што ќе каже: баклавата ја изеле, ама тепсијата е тука. Одговорност мора да има“, пишува Тихомир Ручкоманов, член на Совет на општина Гевгелија од редовите на ЛДП.
Критики за енормните трошоци за гориво за возила кои не се во активна состојба советникот Ручкоманов упати и на седница на Совет кога беа на дневен ред кварталните финансиски извештаи за работа на ЈПКД „Комуналец“. Советот на општината три такви квартални извештаи за работата на комуналното претпријатие во 2016 година одби како неточни, неквалитетни и несоодвенти за да добијат подршка од органот кој го основал локалното јавно комунално претпријатие „Комуналец“.
На фотографијата е еден од доказите. Управниот одбор на претпријатието треба да ја побара одговорноста „каде завршиле новите гуми кои не се поставени на утоварачот и како возило во неисправна состојба потрошил 4,5 тони нафта за 2017 година“ (од дискусијата по одбиените квартални извештаи на „Комуналец“ од страна на СОветот на седница одржана во ноември 2017 година).
ФОТО: фејсбук статус на советникот Тихомир Ручкоманов
ФОТО: Утоварач УЛТ 34-08 во сопственост на ЈПКД „Комуналец“ со излижани гуми се сонча на ливада