Не уривавме режим и криминал за да ни се случува дежаву!

Недела, 22 Јули 2018

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски за контроверзните тендери и грантови 

 

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски за контроверзните тендери и грантови  поделени во Министерството за здравство и преку Фондот за иновации порача: Не уривавме режим и криминал за да ни се случува дежаву!

Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува дежаву, реагира кумановскиот градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски, во однос на информациите дека новоформираната компанија треба да добие тендер во здравството тежок 35 милиони евра, а компании каде уддел имаат Кочо Анѓушев и Хари Локвенец добиле грант од Фондот за иновации.

„Доколку и еден промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања! Живот за сите нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене, бидејќи така многу лесно ќе преминеме на „темната страна“.
Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи. Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – граѓаните на Македонија“, напиша тој на неговиот фејсбук профил.

Last modified on Недела, 22 Јули 2018 - 13:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.