Топ Новости
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Ако не сака да го тепаат, народот мора да победи!

Вторник, 18 Февруари 2014

Пишува: Бранко Тричковски

 

Доста беше со тоа претерување. Со тоа бесмислено морализирање: полицијата го тепаше народот(!?)- а што требаше да му прави, да го пушти да влезе во владата!?
Народот кој своите барања не може да ги оствари на мирен начин треба да биде спремен да се судри со репресивниот апарат на режимот и да победи во тој судир, поднесувајќи одредено ниво на ризик и жртви!
За тоа е потребно општо незадоволство од најсериозен вид, квалитетна политичка артикулација, совршена организација, паметно одредување на целите и симболите и, се разбира, страст, верба и храброст. Понекогаш и многу пари. Тоа што во Македонија во овој момент го нема.

Се разбира, можни се и полублеферски судири кои мислат дека можат на моралнополитички план да го дискредитираат режимот со улични протести и повремени блиски средби со полицијата, но тоа е совршено бесмислено од аспект на мотивите што ги покренуваат демонстрантите. Секој колку-толку консолидиран режим може да издржи неограничени количества вакви манифестации. Особено ако почувствува дека протестот го доминираат самозалажувачки, или самопромотивни елементи, не во однос на мотивите и причините за протестите, туку во однос на реалните цели.

Освен тоа, под голем знак прашалник се доведува и идејата на некои покрупни играчи од стечајците и нивната симпатична лидерка, оние кои се стремат пореку демонстрациите на разни интересовни групи да се држи и по можност да се зголемува тензијата и антивладината конфликтност. Затоа што така капацитираните и зачестени манифестации се банализираат и стануваат дел од незабележливиот урбан фолклор.

Стечајните работници и нивната тажна судбина очигледно не се медиум кој може да ја покрене општата солидарност. За тоа се виновни и самите стечајци оти дозволија да ги идентификуваат како истурена маша на некои опозициони интереси и структури односно нивните протести во пошироката јавност да не се детектирани како доволно автентични. Тие не ја афирмираат доволно општата опозициона кауза, а опизиционата кауза ги играничува нив. Освен тоа во ист или сличен формат траат премногу долго со лидер кој е на границата да остане речиси без комплетниот свој шарм и мобилизирачка енергија. И на крајот, тоа и такво траење се претвора во детекција на општествената слабост, од една страна и на стабилноста на режимот, од друга.
И општеството не е во состојба преку решавањето на генералните проблеми да ги вклучи и стечајците како и другите незадиволници. Неверојатно нискиот праг на социјалните очекувања, екстремно високата отвореност за секакви манипулации и тешки миења на мозокот, митолошката национална, поточно племенска свест, исплакнатоста односно тоталното отсуство на граѓанска свест и култура во релациите со општото добро, прават линијата на отпорот да се спушта до крајни граници, толку ниско што им дава право на оние кои тврдат дека Македонецот нема дно кога е во прашање можноста да трпи, а како што може да се види слична е и расположбата кај сите братски и братучедски народи и народности. Таквата ситуација ја надополнува детекцијата на таканаречената интелектуална елита како една прилично шуплива, и интелектуално и морално, категорија.

Отсуството на таа контракција се однесува и на социјалните теми и на националните и на граѓанските.

Во однос на првата категорија може да се каже дека на Македонецот се уште не му е доволно лошо, а кога ќе му биде не се знае, во однос на втората треба да се потенцира дека секој колку-толку обучен манипулатор може од нашиот човек да направи магаре со малку поголеми дози македонизам, а во однос на граѓанскиот дел важи оценката дека тој е празен поради отсуството на традиција, поради ниската култура, особено поради склоноста да се пренебрегнува прашањето на одговорноста.
Има и уште еден многу важен елемент кој ја дефинира нашата ситуација. Не мал дел од незадоволните луѓе сметаат дека основен виновник за македонската несреќа е партитократскиот, во основа мафиотски систем, а тој хоризонт им се стеснува кога во битка треба да појдат за да го соборат режимот на вмро, сеедно што тој, според сите, несомнено ја сноси најголемата одговорност затоа што на социјалниот шок ни го додаде културнио нокаут и неизлечливата национална фрустрација. Но, очигледно,не ја исцрпува перцепцијата на катастрофата што ја имаат луѓето.

"Македонците никогаш не кревале социјални револуции затоа што бедата ја прифаќале како дел од природниот ред на работите, тие секогаш биле фокусирани околу националното прашање и секогаш внимавале случајно да не го решат во своја корист. Им се случувало да се заебат, но во такви ситуации секогаш тука бил вмро да ги врати на вистинските патеки."
Добив многу лајкови за овој пост на фејсбук. Тој кажува дека на социјалната девастација и треба уште многу за да генерира револуција, можеби колку и на анационалната реставрација под раководството на вмро. Други концепти, пред се културни, се потребни!

(Од полноќната колумна во globusmagazin.com.mk)

Last modified on Петок, 21 Февруари 2014 - 17:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.