Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Претставата „69“ од оскаровецот Алан Бол

Вторник, 18 Февруари 2014

По премиерата од 20 декември, „69“ работена според четирите едночинки на овој популарен американски автор, продолжува да се прикажува пред македонската публика

 

Претставата „69“ работена според четири едночинки од Оскаровецот Алан Бол, ќе се игра на 20 и 21 февруари (четврток и петок) во 20 часот во џебното кино во Младинскиот културен центар во Скопје. Се работи за прва претстава во Македонија направена според текстови на овој модерен американски автор кој воедно е и сценарист на филмскиот хит „Американска убавина“ за кој доби „Оскар“, а работеше и на хит-сериите „Два метри под земја“ и „Вистинска крв“. Режисер на „69“ е бугарскиот театарџија и основач на алтернативниот театар МОМО, Веселин Димов. Главните улоги ги толкуваат професионалните актери Златко Митрески и Македонка Илиевска. Претставата премиерно беше изведена на 20 декември минатата година, а македонската публика сега повторно има шанса да ја погледне. Билетите чинат 200 денари и место може да се резервира на мејлot Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

„69“ е работена според четирите едночинки „Важен ручек“, „Газот на мајка ти“, „Зборот на Б“ и „Направено за жена“ на Алан Бол.

Режисерот Веселин Димов е основач е на алтернативниот театар „МОМО“ во Софија. Има работено во Франција и во Англија и во тек на кариерата ги има поставувано Чехов, но и модерните автори како Елфриде Јелинек, Питер Хандке, Даниел Хармс итн . Живее во Софија каде што дипломирал театарска режија на НАТФИЗ. Режирал во голем број на државни театри во Бугарија, а негов интерес, пред сѐ, се современите форми на изразување.

Златко Митрески е дел од ансамблот на Драмскиот театар во Скопје и во моментов можете да го погледнете и во претставата „Кавкаски круг со креда“ во режија на Златко Славенски. Има дипломирано на Националната академија за театар и филм во Софија, Бугарија. Домашната публика најверојатно најмногу го препознава како Ќелавиот од „Ова не е американски филм“. Еден од поинтересните минати проекти на Златко е и монодрамата „Последната лента на Крап“ која помина одлично кај гледачите и беше дел од фестивал во Словенија.

Македонските гледачи најмногу ја запознаа Македонка Илиевска преку монодрамата „Лола“ која се играше во клубот „Џубокс“ во Скопје, а беше дел од програмата на два фестивали – „Битолско културно лето“ и „Ристо Шишков“. Македонка има дипломирано на отсекот за актерка игра во Новиот бугарски универзитет во Софија. Сега пополека, но сигурно застанува на домашната театарска сцена. Има играно и во претставата „ММЕ кој прв почна“ по текст на Дејан Дуковски и во режија на Војо Цветановски.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Одбележан Светскиот ден на прва помош

По повод Светскиот ден на Првата помош, Црвен Крст на Македонија со град

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.