Двајца горопадни украинци денеска на најкрвавиот ден од антивладините протести на плоштадот во Киев на свој начин, со чукање на тапани им даваа поддршка на своите сограѓани кои протестираа. Насекаде летаат молотови коктели и камења, а денеска се слушнаа и пукања од огнено оружје. Киев ги брои жртвите од двете страни, откако успееја да ја одбијат специјалната полиција од централниот плоштад во градот.