Топ Новости

Македонија се консолидира, Русија се загрижува

Понеделник, 27 Август 2018

Кошмарот на Русија се консолидирани демократии на Западниот Балкан – смета аналитичарот Курт Басенер

 

 

Аналитичарот Курт Басенер од Советот за политика за демократизација со седиште во Берлин вели дека загриженоста за исходот од референдумот во Македонија е легитимна.

„Да бидам јасен, македонските граѓани треба да решат дали Договорот од Преспа е добар. Ако јас бев гласач, знам како би гласал. Во моментот не гледам подобра опција, ако се сака интеграција со Западот. Русија притиска врз двете страни, врз грчката и врз македонската за ставање крај на процесот, “ вели аналитичарот Курт Басенер во интервју за Босанската редакција на Гласот на Америка, кој потенцираше дека „кошмарот на Русија се консолидирани демократии на Западниот Балкан.“

„Ако референдумот пропадне, може да си ја претставивте реакцијата на албанската популација која е позитивно настроена кон НАТО, кон ЕУ, кон интеграцијата. Јас очекувам тие да гласаат на референдумот. Тие ќе речат ние сакаме таму, иако вие не сакате. Загриженоста е легитимна“, смета Басенер.

Инаку овој аналитичар одамна беше тој што говореше дек САД треба да бидат активни чинители во обидот да се стави крај на кризата во Македонија, а не да играат придружна улога во однос на ЕУ. Ова особено важеше во време на Пржинските разговори. „Иако американскиот амбасадор Џес Бејли беше силно вклучен во практичните напори за поддршка на посредувањето, процесот главно беше изразено ЕУ-центричен“ – одговори своевремено за БИРН.

ЗАСЛУЖЕН - Џес Бејли е заслужен за конечниот успех на Пржинскиот процес

Неговите погледи инаку бе врзани за фактот дека ЕУ заради стравот од напливот на дојденци од Балканот, а особено германската влада даде вештачка оценка дека Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово се „сигурни земји”, за со тоа да ја олесни и забрза постапката за враќање на барателите на азил од тој регион. „Барањата во голем дел се фарса, квотата на прифатени барања е речиси нула”, пишува “Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЦ). Затоа таквата мерка „служи не само за растоварување на управата и на општините во Германија, туку и како сигнал на земјите од кои потекнуваат барателите на азил, дека не можат едноставно на Северот да му ги делегираат своите проблеми со сиромаштијата и со малцинствата. Мора ли Берлин да ги сноси последиците од она, што е не е сработено во Сараево, Белград или Скопје? На место е само критиката дека германските судови не секогаш веруваат оти ‘сигурните матични земји’ се навистина толку сигурни.“

Негова е проценката дека во државите на Југоисточна Европа, до пред некоја година настана една меѓуформа, во која навистина се почитуваат демократските формалности, но истовремено популистички партии преку клиентелски структури ја контролират државата. Тоа посебно се покажува кај доминацијата на политичките партии над медиумите и државата, како и кај слабата контрола од страна на правната држава. Сега веќе работите се менуват шо се покажува со конкретната активност на Русија и на Балканот.

Извор: Глобус магазин

Last modified on Понеделник, 27 Август 2018 - 21:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.