Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Поцков: 2018 ја одбележаа три капитални проекти и вода без арсен за Гевгелија

Понеделник, 24 Декември 2018

ВИДЕО: Според градоначалникот Сашо Поцков 2018 е година на раздолжување на општината од наследените долгови, три капитални проекти, вода без арсен за Гевгелија и изградба на локални патишта и улици

 

 

Сумирањето на постигнатото во годината што изминува градоначалникот на општина Гевгелија го изнесе јавно пред медиумите истакнувајќи дека 2018 е комплетно негова година на функционирање како градоначалник со оглед на тоа што на функцијата стапи на истекот од ноември 2017 година.

Санирањето на наследениот долг оставен неподмирен од старата локална гарнитура беше почетниот проблем со кој се соочи при превземањето на функцијата градоначалник од неговиот претходник. Огромните неизмирени долгови и обврски на општината на денот на примопредавањето на функцијата од 143 милиони денари беше првиот предизвик за справување во 2018 заради новите обврски, рати и пресметани камати кои секојдневно доспеваа. Овој проблем се реши со интервенција на Владата со подмирување на 51% од обврските на сите 120 општини во државата.

Поцков на брифингот со новинарите ги истакна трите важни капитални проекти кои ја одбележаа 2018 година: пуштањето во употреба на Пречистителната станица кај Вардар, стартот на градежните работи на Хидросистемот Конска Брана и пуштањето во употреба на новите бунари кај Вардар за водоснабдување на Гевгелија со чиста вода.
- „Гевгелија со постојните бунари кај Моин и старите бунари кај Вардар можеше да се справи со потребите за водоснабдување на општината во следните 10 години. Но наметнатиот проблем со арсенот и пред се' граѓанксата активност, огромниот притисок од јавноста преку здружението на граѓани кое го третираше проблемот со арсенот во гевгелиската вода, доведоа до изградба на новите бунари во месноста Мрзенска ада“, истакна Поцков.

Тој се повика и на старата народна поговорка „Копај нов бунар, но не плукај во стариот, оти може да ти притреба“ кога го истакна проектот за деарсенификација на водите од бунарите кај Моин каде е детектирана висока и здравствено недозволена концентрација на отровниот елемент арсен. Тој истакна дека во текот на 2019 година ќе биде реализиран овој проект со помош на средства донирани од Владата на РМ. Во прашање се две понуди од две фирми со два различни пристапа на деарсенификација. По одлуката за најдобриот метод со кој ќе се елиминира арсенот ќе ја започнеме постапката на нивно вградување, инсталација на деарсенификатори за бунарите кај Моин, истакна Поцков.

 



Од проектите предвидени за реализација во 2019 ги посочи програмите од Буџетот на општината за следната година и капиталните зафати кои се предвидени за претстојната година.

Во тек е изработка студија за регулирање на паркирање во центарот на градот, изградба на стационар за незгрижени кучиња на локација кај Негорци, завршен е изборот на градежна фирма за изградба нови училници во СОУ „Јосиф Јосифовски“ со цел едносменско работење и енергетска заштеда како и санација на угостителската сала во училиштето.
Во планските зафати за 2019 година Поцков ги напомена и завршните работи за експропријација на земјиште за изградба на Западен Булевар - тоа е продолжување на сегашниот булевар кај т.н. „грчки згради“ кој ќе прдолжува се' до Динќут. Со тоа треба да се растерети сообраќајот низ улицата која поминува кај ООУ „Крсте Мисирков“ каде голем дел од тешкиот сообраќај се одвива токму низ оваа улица во градот. Градежните изведби ќе бидат со механизација на турскиот изведувач на Конска Брана, а средствата за асфалтирање и тротоари со пешачки патеки ќе бидат обезбедени од ЈП за патишта на РМ.
Раскрсница кај Фурка и регулирање на влезот во Гевгелија се новите зафати кои ќе бидат реализирани со помош на ЈП за патишта и општина Гевгелија и Богданци за кои се подготвува проект за проширување на оваа патна делница. Овој проект е одговор на граѓанската иницијатива што ја потпишаа и поддржаа 3.500 граѓани, а на кои општините им одговараат со конкретен проект и изведбен зафат во претстојната 2019 година.

 

 

Last modified on Понеделник, 24 Декември 2018 - 16:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.