„Сеќавања од детството“- претставува еден ликовен проект на ликовните уметници: Дејан Мачуков и Цветан Караѓоргиев, во кој на свој начин сакаат на кратко да се навратат во тој безгрижен период и вечно да ги зачуваат најскапоцените доживеани емоции. Човекот еднаш се раѓа, еднаш умира и само еднаш е дете. Најубавиот, највеселиот, најбезгрижниот живот е животот на детето. Детето е искрено, наивно и среќно. Убаво е да си дете велат сите. Спомените од детството остануваат длабоко врежани во срцата на секој и траат се' додека чука срцето.
На изложбата ќе бидат изложени околу 20-тина слики изработени во различни сликарски техники.
Промоцијатана пред јавноста на делата од овие млади уметници е закажана во петок 1 февруари, во Пионерскиот дом во Гевгелија во 19:00 часот.