Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Градскиот стадион повторно затворен и недостапен за ФК „КОЖУФ“

Понеделник, 10 Март 2014

Фудбалерите на гевгелиски „Кожуф“ и на почетокот од пролетното првенство во Македонската фудбалска лига остана со затворени врати од единственото фудбалско игалиште во Гевгелија

Спортски херој на годината за 2013, прогласен од својата верна публика, кој после низа опструкции, затворени врати од службените простории, недостапноста на теренот на Градскиот стадион во Гевгелија, фудбалерите на ФК „Кожуф“, за верноста кон спортот и спортската историја и традиција на фудбалскиот клуб, успееја со себевложување да го одржат фудбалот и клубот за време на целото есенско првенство одигрувајќи ги утакмиците на теренот во Мрзенци, како домашен терен.

По низата јавни осуди од верната навивачка група “Фантоми“, негодувањата и осудите од јавни и спортски работници, поранешни фудбалери на Кожуф, заради недоличниот третман кон фудбалската гордост на гевгеличани, најстариот клуб во Македонија, со испишана фудбалска историја од 91 година, на крајот од фудбалската сезона, последните три утакмици, ФК „Кожуф“ ги одигра таму каде што припаѓаат, на стадионот во Гевгелија, пред гевгелиската публика и своите симпатизери.
Тоа беше на 2.12.2013 година, на одиграното дерби со „Вардар“ од Неготино со нерешен резултат од 2:2, со што гевгелискиот тим покажа дека може рамноправно да се носи и со челникот од тебелата.

И, токму кога работите требаше да продолжат да се средуваат на поквалитетно ниво, со почетокот на новата фудбалска сезона „Кожуф“ повторно наиде на затворени врати од стадионот.

Кому му оди во прилог ваквото шиканирање на спортот, на клубот, на Кожувци, на нашите деца??

Дали локалната самоуправа со одвоените 500.000 денари за ФК „Кожуф“ во годишната програма на Општина Гевгелија за 2014 мисли дека го решила просторниот проблем? Општината е потписник на договор за долгорочен закуп на Градски стадион на ФК „Миравци“ од Миравци, кој наводно, според договорот требаше да се фузионира со ФК „Кожуф“. Ама кожуфци велат дека ниту некој ги повикал да потпишат, ниту тие потпишале некаква фузија на двата клуба. ФК „Кожуф“ продолжува да постои со свои управни органи и валидна и неспорна регистрација, со цел развој на спортот и спортски натпревари.

Зошто „Кожуф“ неможе да игра на Градски, ако новиот закупец ФК „Миравци“ уште од минатата година продолжи да ги изведува натпреварите на своето регистрационо седиште во Миравци??

За ваквите случувања ГевгелијаНет на 3.12.2013 извести:
Закупецот на Градскиот стадион - ФК „Миравци“ последниот натпревар од есенското коло, во саботата, го одигра на теренот во Миравци.
За оваа селење на својот матичен стадион на закупецот ФК „Миравци“, портпролот на Општина Гевгелија, која во случајот е закуподавец на Градскиот стадион, објаснува: „Уште еден куриозитет - поради реновирање на Градскиот стадион во Гевгелија овој последен натпревар од есенската етапа домашните го играа на својот стадион во Миравци, што се покажа дека повеќе им „лежи“ на фудбалерите.“

На ова реагираа од ФК „Кожуф“ кои на својата ФБ група напишале: „Кое реновирање жити се? Како можеше Кожуф да игра во неделата, а Миравци да не може во саботата? Срамота е потпаролот на Општина Гевгелија да ја лаже јавноста!“



Кожуф остана во Гевгелија, се избори за својот опстанок во фудбалското државно првенство, се избори за својата публика.

На ред е, и годинава, да се избори за нова правда на својата своина, клубските простории, клубските реквизити, стадионот кој му е даден на располагање од 60-те години на минатиот век ...
Ако сите победи треба да ги добиеш самиот: клубот и играчите стадионот, спортските симпатизери своите омилени играчи да ги следат од домашните трибини, фудбалските фанатици неоткажувањето од фудбалската историја на „Кожуф“ која ја испишале генерации и генерации наши стратези и голгетери, тогаш зошто општината се задоволува со само една испишана програмска бројка, која не ги отвара катанците на градски и домашната публика за кожуфци??

И за крај веста: ФК „Кожуф“ во неделата го одигра првиот натпревар од пролетното коло на Државното Фудбалско првенство Трета лига Југ, на теренот во село Мрзенци, во дуел со ФК „Млекари“ од Ново Нагоричани. Средбата заврши нерешено 1:1.

Во истиот термин Градски беше празен, со обрасната трева, со празни трибини.
Ова ли е иднината на спортот за која Општина Гевгелија одвојува осум милиони денари од општинскиот буџет??

 

Last modified on Четврток, 13 Март 2014 - 17:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Одбележан Светскиот ден на прва помош

По повод Светскиот ден на Првата помош, Црвен Крст на Македонија со град

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.