Хусеновски: Локалитетот Вардарски рид е градежно узурпиран

Четврток, 31 Јануари 2019

Директорот на Националната установа Музеј Гевгелија, Бобан Хусеновски пред Советот на општина Гевгелија искажа остри оценки за нефункционалноста на археолошкиот локалитет Вардарски рид поради несоодветните градежни зафати на самиот археолошки простор од страна на минатиот состав на локалната власт

 

 

Директорот на Националната установа Музеј Гевгелија, Бобан Хусеновски пред Советот на општина Гевгелија искажа остри оценки за нефункционалноста на археолошкиот локалитет Вардарски рид поради несоодветните градежни зафати на самиот археолошки простор од страна на минатиот состав на локалната власт. Тој им посочи на сегашните советници дека такво нешто не треба да се случува во иднина.

- „Се што е направено е незаштитено, однесено, украдено поради тоа што овде нема поставено чуварска служба. Тоа на теренот остава простор за несоодветно присуство на неовластени лица, кршење на дрвја, палење скара и оштетување на археолошкиот простор. Обидот за трансформација на Вардарски рид во Археолошки парк започнат 2001 година, се покажа неуспешен, а неодамнешното поплочување на пешачка патека, осветлување со поставување канделабри, изградба на видиковци (посматрачница) што се нови несоодветни урбани објекти на овој археолошки простор, само придонесе таа да стане собиралиште на лица со „сомнителен“ порив“, рече при своето обраќање пред Советот на општина Гевгелија, директорот на гевгелискиот Музеј, Хусеновски.

За надминување на ваквите проблеми, спречување на урбанизација на археолошки простор кој по закон е заштитен и без соодветна дозвола не смее да се ископува ниту 2 сантиметри под земјата, а не 80 сантиметри колку што копале багерите при поставување на канделабрите на пешачката патека на Вардарски рид, Хусеновски посочи дека Музеј Гевгелија треба да добие надлежност над овој простор за да го заштити.

- „Потребно е Музеј Гевгелија кој сега има надлежност само на движеко културно наследство, да прерасне со надлежност во Завод Музеј Гевгелија кое што по Закон за култура би имал надлежност и за недвижното културно наследство. А тоа значи, поголеми ингеренции на гевгелиската културна установа - и над археолошки локалитети, и за заштита на автентична староградска архитектура, и за заштитно-конзерваторски работи потребни при изготвување на секој Детален урбанистички план за Гевгелија и населените места за кое сега се чека мислење од Завод Струмица, па постапките се одолговлекуваат со години, за заштита на ендемски видови дрвја како природно наследство. За тоа е потребно и согласност за поддршка од страна на Општината“, истакна Хусеиновски.

Директорот на Музеј Гевгелија покрај критиките за урбаниот упад на локалната власт со несоодветни проекти во минатото на локалитетот Вардарски рид, упати и сериозни критики до Општината за објавувањето на монографијата Гевгелија 130 години град и посочи:
- „Веќе 55 години постои првата општинска збирка за Гевгелија како град. Од неа дознаваме дека таква монографија требаше да се издаде во 2014 година кога се навршуваат 130 години град Гевгелија. И посебна критика до авторите кои дозволиле во монографијата да нема ниту еден збор за музејската дејност во Гевгелија иако музејот постои 55 години“.

Годинава, по повод јубилејот со две петки, Музејот Гевгелија ќе издаде разгледници, па ги покани претставниците на локалната власт да се вклучат во јубилејните одбележувања на една од најстарите културни установи во Општината.

Обидот на дел од советниците на опозицијата, кои се најдоа погодени од критиките во врска со проектите на локалната власт од минатиот состав каде мнозинство беше ВМРО-ДПМНЕ, за неправилната урбанизација на Вардарски рид, за неточиот и нецелосен опфат на темата „Гевгелија 130 години град“ го запрашаа директорот на Музејот, „Зошто тој не конкурирал за средства за проекти од Министерството за култура, па да работат поквалитетно“.
Наместо замолчување од директорот добија рафален одговор дека Музејот нема надлежност да конкурира за републички средства од Буџетот на РМ за своите дејности, ниту законска надлежност да го заштити тоа што пред очи го гледа дека се распаѓа, а спаѓа во археолошката културна ризница на Гевгелија. За возврат ги праша советниците: Колку ја познаваат проблематиката на работата на Музеј Гевгелија кога со години не влегле да ја посетат установата?“ Тој ја искритикува и работата на комисијата за култура која што би требало најмалку два пати годишно да има средби со институциите и установите од областа на културата за да ги следи потребите, проблемите и навреме да се посоочуваат заеднички издржани решенија.

Обраќањето на директорот на Мyзејот пред советниците беше во врска со образложувањето на Информацијата од НУ Музеј Гевгелија за состојбата со заштита на археолошкото богатство на подрачјето на општината, која беше на дневен ред на 22 седница на Советот. Иако оваа установа за прв пат излегува со своја информација пред локалната самоуправа за своето работење и условите кои ги има за обавување на дејноста, наместо молење за свое опстојување, советниците беа дочекани со рафален професионален критички осврт на непрофесионалниот однос на локалната васт над сопственото културно наследство и понудено конкретно решение за прераснување во Завод Музеј Гевгелија.

Советниците искажаа подготвеност да ја прифатат иницијативата на Музеј Гевгелија за добивање статус Завод откако истата ќе ја испратат до надлежните институции во државата, а Советот писмено ќе се произнесе со одобрување и поддршка на таквата иницијатива.

 

Last modified on Четврток, 31 Јануари 2019 - 05:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

77 години СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го одбележа патрониот ден. Со низа

Повеќе

Лишен од слобода 52 годишен гевгеличанец

Вчера попладне, на 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР

Повеќе

Поставен камен темелник на нов продажен центар на Мебел-Ви во Струмица

Македонскиот гигант во индустријата со мебел „Мебел - ВИ“ од Виница се

Повеќе

Општина Гевгелија и УНХЦР со помош за социјално-ранливите семејства

Моника Сандри, претставничката на УНХЦР во нашата земја при вчерашната посета

Повеќе

Златен медал за МК на Балканската математичка Олимпијада

Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од

Повеќе

Ковачевски: Ова е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот охридски и

Повеќе

Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев' Негорци

Цвеќе за патронот, спортски игри и училишни претстави, се активностите со кои

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.