Легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ денес почина по тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Шаулиќ со автомобил тргнал кон аеродромот кога се случила несреќата. Автомобилот во кој се возел Шаулиќ е управуван од друго лице.
По сообраќајната несреќа Шабан Шаулиќ итно бил пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите. Во сообраќајката има починато уште едно лице. Според првичните сознанија еден од возачите бил во алкохолизирана состојба.
Во текот на својата богата кариера, Шабан Шаулиќ во медиумите и од јавноста стана познат по прекарот „крал на народната музика“.
Слава му!