Топ Новости
Утрово приведен е гевгеличанец - Сабота, 01 Октомври 2022 17:14
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Случајот „Актор“ пред Јавното Обвинителство

Четврток, 13 Март 2014

Зврлески: Ако не добиеме известување од институциите за случајот “Актор“ ќе покренеме постапка по допрен глас

 

По реакцијата на СДСМ за мега скандалот како што го нарекоа тие, за одвоено 270 милиони евра за изградба на 28 километри од автопатната делница Демир Капија - Смоквица, денеска се огласи Јавното Обвинителство од Скопје со изјавата дека „до Агенцијата за финансиско разузнавање и од Финансиската полиција не стигнало известување за случајот „Актор“, но дека ќе покренат постапка по допрен глас“, известуваат од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител Марко Зврлевски во изјава за Фактор потврдува дека и доколку ЈО не добие известување од недлежните институции, ќе покрене постапка согласно законските должности.

- „До нас сеуште не е стигнато известување од овие две институции. Законски прво треба да реагираат овие институции, па потоа постапува Јавното обвинителство. Но, доколку до крајот на следната недела не добиеме известување, тогаш ние ќе покренеме постапка за случајот по допрен глас, вели Зврлевски.
Инаку, случајот „Актор“ во јавноста се актуелизираше откако СДСМ побара кривична одговорност за случајот „Актор“ за кој тврди дека постои одлевање на пари од сметката на грчката градежна компанија што го гради автопатот Демир Капија – Смоквица и според нив, од сметката на фирмата се изнесени 3,5 милиони евра.

- „Чудниот молк на институциите во Република Македонија за одлевањата милиони евра кеш кај државјани на Република Грција потврди дека зад проектот се крие огромен мега скандал“, изјавија од СДСМ.
Тие ја повикуваат Управата за финансиско разузнавање да се издигне над притисоците и да постапи во случајот согласно законот, потсетувајќи ги надлежните раководители во управата дека непостапувањето е кривично дело.

Од ВМРО-ДПМНЕ на овие обвинувања одговорија дека не се ниту тендерска постапка, ниту работата на избраната фирма – туку единствениот и непобитен факт дека СДСМ знаат дека ништо не направиле за цело време додека биле на власт, додека за ВМРО-ДПМНЕ овие години се време на јавни инвестиции, на градење автопати, железници и други големи инфраструктурни проекти.

Владеачката партија објаснува дека исплатите на фирмата Актор според извршените работи се прават по извршена супервизија на реализацијата, на матичната фирма во Грција.
„Значи подружницата во Македонија не изнесува пари, туку внесува пари во земјата за да ги исплати работниците во земјава и суровините кои ги купува во земјата“, посочија од владејачката партија.

Last modified on Четврток, 13 Март 2014 - 18:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

Вчера, недела 02.10.2022, во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од

Повеќе

Kомуналните покачувања повлечени од предлагачот

Корисниците на услугите на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија може да здивнат -

Повеќе

Утрово приведен е гевгеличанец

Во акциска контрола на МВР во координација со УЈП спроведена во угостителски

Повеќе

ТППЕ- Гевгелија доби ново возило од ДЗС

Современо возило опремено со водена пумпа од денеска е составен дел на возниот

Повеќе

Првачињата извисија од Општина Гевгелија - Советот одби да расправа за помош на

Со наслов: „Општина Гевгелија нема слух за првачињата“ денеска реагираше

Повеќе

Перо Митров, сопственик на „Јавор“ Мрзенци добитник на признание за туризам

Награда за животно дело за долгогодишен развој на угостителството и создавање

Повеќе

Обновено ракометното игралиште во Гевгелија со донација од Државна

Под слоганот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува

Повеќе

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.