Меѓународниот ден на жената и годинава ќе биде одбележан со поетско-музичка манифестација посветена на сите жени, мајќи, сакани припаднички на понежниот пол.
„За тебе љубов моја“ е традиционална манифестација која на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе ги собере на едно место поетите, музичарите, сценските изведувачи, каде со своите настапи ќе го одбележат Денот на жената 8-ми март.
Настанот е закажан во средата на 6 март со почеток во 20 часот, како претпразнично загревање на сите кои ја заслужуваат честа да да го одбележуваат меѓународнит ден на жената - жените борци, жените работнички, жените мајќи, сите жени кои ги сакаме.
Манифестацијата се одржува по 17-ти пат како сценско-музички подарок за Осмомартовските славеници.
Почетоците на манифестацијата се во далечната 1995 година по идеја на Ице мурџев, слободен поет и Слободанка Мурџева, тогашен директор на градскта библиотека во Гевгелија. Од тогаш па наваму посебен организационен одбор се грижи за промоција на локалните и регионални поети и музичари во намера да дадат свој придонес во одбележувањата на 8-ми Март.
Настанот е во организација на Домот на културата од Гевгелија.