Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, издвои десет технологии што би можеле да го променат светот оваа година. Станува збор за технологии кои се од голема важност за светот, но кои не ѝ се толку познати на јавноста како некои други со кои секојдневно се служиме.
Според мислењето на Гејтс, ова се тие десет технологии што би требало да ни ги подобрат животите во 2019 година:
1. Подобрување на вештините на роботите, кои ќе можат сами да управуваат и да манипулираат со предмети кои не им се познати;
2. „Нов бран“ на нуклеарна енергија - дизајн на реактори на фузија и фисија кој ќе овозможи намалување на емисијата на јаглероден диоксид;
3. Крвни тестови кои предупредуваат за предвремено раѓање на бебињата;
4. Пилула или уред кој ќе може да се проголта и така да направи биопсија и преглед на дигестивниот тракт;
5. Приспособување на вакцинацините против рак - ќе му помогнат на имунолошкиот систем во борбата против клетките на туморот;
6. Месо од лабораторија како алтернатива за месо што ќе ја намали еисијата на штетни гасови од прехрамбената индустрија;
7. Техника за апсорбција на јаглеродниот диоксид од воздухот и негово заклучување;
8. ЕКГ-уреди на зглобовите - можност паметните часовници да ја следат работата на срцето и рано да предупредуваат за проблеми;
9. Санитарија без канализација - веце школки кои ќе помогнат во борбата против болести и лоши животни услови;
10. Гласовни асистенти базирани на вештачка интелигенција кои природно ќе разговараат со луѓето.
Прашање е само дали сето ова годинава може да стане достапно за целото човештво, па и за нас.