Топ Новости
Утрово приведен е гевгеличанец - Сабота, 01 Октомври 2022 17:14
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Столетната традиција „Ѓура Мара“ во Миравци

Вторник, 30 Април 2019

 

Миравчани и годинава верни на традициите - на третиот ден од Велигден ја одржаа својата позната манифестација на типичното народно оро „Ѓура Мара“ која од минатата година стана манифестација поддржана од Министерството за култура и општина Гевгелија.

Настанот е вистинска случка која датира од пред 1,2 века. Убавата мома Мара била грабната од турски намесник со неговите аскери, а неутешниот брат Ѓуро со своите другари тргнал по нив да ја одбрани, но во борбата несреќно загинал. Во чест на неговата жртва и посветената улога на жителите на Миравци да ги чуваат своите сожители од напасници креирано е орото што го играат само девојки и жени, а постарите баби со стап ги бркаат момците кои сакаат да се фатат на орото со убавите миравчки моми.

Вечерва манифестацијата со истиот ритуал и колорит се одржа пред платото на Домот на културата во Миравци проследена од бројни гости и посетители од околината и регионот.
Организатор на манифестацијата е КУД „Танец“ од Миравци, а програмски гости заедно со нив за вечерашната публика беа и членовите од КУД „Пријатели“ од Јабланица од БиХ и КУД „Паја Зариќ“ од Инџија, Србија, инаку збратимени градови со општина Гевгелија.

Гордост на селото е што сите учесници на сценските настапи од младо старо, сите носат оригинални носии од своите предци. Радост за младите и тие на овој ден да бидат облечени во новоизработени носии со шарите од овој крај. Миравци го слави третиот ден од Велигден со традиционалната манифестација со која се гордеат како симбол на отпорот против османлиите кој се преточил во музичка-сценска народна традиција. 

На манифестацијата годинава со свој хуманитарен штанд се придружи и Центарот за деца со посебни потреб „Мајка Тереза“ од Гевгелија со продажба на изработки од штитеници на Центарот.

 

Last modified on Вторник, 30 Април 2019 - 21:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

Вчера, недела 02.10.2022, во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од

Повеќе

Kомуналните покачувања повлечени од предлагачот

Корисниците на услугите на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија може да здивнат -

Повеќе

Утрово приведен е гевгеличанец

Во акциска контрола на МВР во координација со УЈП спроведена во угостителски

Повеќе

ТППЕ- Гевгелија доби ново возило од ДЗС

Современо возило опремено со водена пумпа од денеска е составен дел на возниот

Повеќе

Првачињата извисија од Општина Гевгелија - Советот одби да расправа за помош на

Со наслов: „Општина Гевгелија нема слух за првачињата“ денеска реагираше

Повеќе

Перо Митров, сопственик на „Јавор“ Мрзенци добитник на признание за туризам

Награда за животно дело за долгогодишен развој на угостителството и создавање

Повеќе

Обновено ракометното игралиште во Гевгелија со донација од Државна

Под слоганот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува

Повеќе

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.