Топ Новости

Опрости ми Папе

Среда, 08 Мај 2019

За посетата на Папата, за гревовите, за нашиот пекол, пишува Сашо Кокаланов за Призма:

1.
И после некој ќе каже не сме биле библиска земја – за помалку од една недела добивме и претседател и папа. Тоа не ни успеало уште од изборот на Бранко Црвенковски. И тоа не е сè, за помалку од една недела ќе се случи уште едно мало чудо: по десет години, неговата екселенција Хорхе ќе замине во историјата.

Успеавме да дојдеме до целосниот текст што Иванов се подготвувал да му го прочита на Папата за време на приемот во претседателската вила. За жал, во интерес на времето (а и на некои друг фактори), Ѓорѓе не беше во можност да го исчита целиот текст, туку само оние реченици што не му беа пречкртани со црвено.

Но, тоа не е причина, трогателната исповед да не биде споделена со читателите на оваа колумна:

„Драг Папа. Господ ве прати на крајот на мојот мандат. Случајно? Не би рекол. Со должна почит кон евентуалните други, споредни цели на Вашата посета, јас мислам, сепак, дека Севишниот имаше јасна намисла јас да се исповедам, па Ве прати тука кај мене, во ова свето парче земја од планината Водно, колепката на единствените антички христијани на светот.

Доаѓате во време кога македонската држава е тешко ранета. Како што можеби сте чуле и од други, нашата земја беше десет години злосторнички силувана, а јас како нејзин татко си молчев. Клучот беше кај мене, овде во оваа палата, но јас немо набљудував, уценет од силувачите и никогаш не побарав помош. Гледав да не одмагам, а кога можев и колку можев помагав.

И така државата ни остана тешко ранета. Многу од раните останаа незалечени. Новиве што дојдоа, не само што го оставија Господ да ги казни грешниците наместо правосудството, туку и најдрско ја прекршија осмата божја заповед – не кради – ми ја здиплија и дрско си ја присвоија амнестијата за свои потреби. Жалам што не успеав навреме да го патентирам, па да барам процент за секој амнестиран, но времето не можам да го вратам и грешките не можам да ги исправам.

Затоа молам да ми бидат простени гревовите. Сум чул и за вашата надалеку позната индулгенција, односно можност со пари да се откупат гревовите. Мене за една недела ми почнува заслужената доживотна пензија со платен кабинет, за што граѓаните ќе издвојуваат милион денари секој месец, па би сакал дел од овие пари да ги инвестирам во индулгенција. Затоа, најпонизно замолувам за жиро-сметка и ако може на излегување да ја оставите Вашата света визит-карта кај мојата секретарка.

Опрости ми Папе, за све ове грубе речи“.

2.
А во пресрет на историската посета на Папата, во христијански дух помина и завршната реч на Христијан Мицковски по изборите во неделата. Иако цел ден тој и кандидатката Пресвета и Подмладена Гога зборуваа дека дошол Рајот во Македонија, пролет, цвеќиња, преродби и слично, кога стасаа резултатите, Мицко излезе и вети дека ќе ја претвори земјава во Пекол.

„Ве очекува вистински политички пекол што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ…“, се закани шефот во сенка на партијата. Видете, јас оваа закана би ја сфатил сериозно. Ако нешто знае да предводи ДПМНЕ, тоа сигурно е Пеколот. Проверено.

Целата колумна е објавена на Призма - ЛИНК


Last modified on Среда, 08 Мај 2019 - 15:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.