Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Четири медаљи за гевгелиски ученици на Малите Олимписки Игри

Сабота, 18 Мај 2019

Најмасовната спортска натпреварувачка манифестација на државно ниво која опфати над 1.000 ученици од образованието се Малите Олимписки игри кои се одржаа минатиот викенд во Куманово.

На МОИ настапија и ученици од општинското основно училиште „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија и од терените успееја да се вратат со четири освоени медаљи во четири натпреварувачки категории - три сребрени и една бронзена медаља за учениците од „В. Кантарџиев“ Гевгелија.

Заслужните за пофалба се учениците:

- Нина Попова за освоено второ место во фрлање на ѓуле,
- Тодор Узунчев за освоено трето место во скок во височина,
- Меглена Лазаровска го освои второто место на трка од 600 метри, додека
- Капсаров Костадин, го завзеде второто место во трката на 100 метри.

Малите Олимписки игри се одржаа во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, а под покровителство на Министерство за образование и наука и Агенција за млади и спорт.
Во игритe настапија ученици од најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини во државата од основните и средните училишта во повеќе спортови, како футсал, фудбал и атлетика.
Учениците од ООУ „Владо Кантарџиев“ беа предводени од наставникот Влатко Семенаков.

 

Last modified on Сабота, 18 Мај 2019 - 15:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Одбележан Светскиот ден на прва помош

По повод Светскиот ден на Првата помош, Црвен Крст на Македонија со град

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.