- „Се чувствуваме како победници. 45 минути бевме на прво место од гласовите на стручното жири. Доминиравме на Евросонг. На секои три минути нас од тимот не покажуваа на екранот. Како ни' ги редеа 12-те ние се гледавме помеѓу себе и се прашувавме „Што направивме?“ И покрај загубата од само два бода при последното гласање од жирито, сепак се чувствуваме како победници. Ние победивме“ изјави Тамара синоќа, при враќањето од Тел Авив.
Тамара Тодевска која со песната „Proud" го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, синоќа се врати од Тел Авив во Скопје.
Таа и нејзиниот тим околу полноќ беа пречекани од членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Се фотографираше со сите, а потоа кратко се обрати и кажа дека нејзиниот резултат на годинешниот Евросонг е резултат на тимската работа и добрата подготовка во целиот тој период.
Обожавателите ја пречекаа со пораки на кои пишуваше „Ние сме Горди #ТимТамара“.
На пречекот на Меѓународниот аеродром Скопје на сите од тимот на нашата земја на евровизискиот избор им беа пренесени честитките на Владата за успешното претставување на земјата и за историскиот пласман на Тамара Тодевска со песната „Proud“ од страна на министерката за труд и социјала Мила Царовска.
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=4093:tamara-se-cuvstvuvame-kako-pobednici-na-evrosong&Itemid=675#sigProGalleria8e8f6f8881
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Реакција на Левица - Гевгелија
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни
Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на
Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се
Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран
Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални
Приведен грчки државјанин на Богородица
Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и