Златен микрофон за ѕидарот од Битола Бејхан на „Никад није касно“ според СМС гласовите

Понеделник, 24 Јуни 2019

Еден од 12те финалисти синоќа на регионалното шоу заедно со Ленче Кукиќ беше и 45 годишниот ѕидар од Битола Бејхан Рамов. Тој беше прогласен за најдобар од публиката која гласаше со СМС пораки, собирајќи 3.737 гласови од СМС пораките.
Наградата „златен микрофон“ му ја додели лично Лепа Брена која на неговиот настап не издржа и стана му се придружи на сцената.

Ова е двојна победа на Македонија и три награди за Ленче и Бејхан на четвртата сезона од шоуто „Никад није касно“.

Еве го најгледаниот настап на Берхан на регионалното Балканско ТВ шоу прегледан 1,7 милиони пати на YouTube.

Во текот на целото гласање, беше неизвесно до самиот крај, но сепак двајца Македонци си заминаа со статуетка од продукцијата „Гранд“: Ленче прогласена за најдобра од жирито и публиката која гласаше на Фејсбук, понесе две златни статуетки, а Берхан според гласовите на телевоутингот со СМС пораките на гледачите ја понесе наградата златна статуетка-микрофон како најдобар според гласовите од телевизиските гледачи. По победата и комплиментите од Лепа Брена која му ја додели наградата тој изјави дека ќе го остави ѕидарството и ќе и' се посвети на музиката.

За потсетување, ова не е првпат некој од Македонија да победи во ова регионално шоу. Пред неколку години победи сопругот на Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, но и 90-годишната пејачка и изведувачка со меѓународна кариера Добрила Ивановска Чабриќ, од Дојран.


Last modified on Понеделник, 24 Јуни 2019 - 16:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските

Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.