Топ Новости

Хуманитарна акција за оштетените од пожарот

Среда, 31 Јули 2019

Рено јунаците на автомобилската авантура „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“ иако оддалечени 3.000 километри од дома во тек се со настаните и случувањата од својот крај.
Утрово први се јавија со информација дека отвориле наменска сметка за оштетените семејства од вчерашниот пожар на стамбената зграда во Гевгелија, во која целосно изгореа шест стана од поткровјето на зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25.
За семејствата кои живееја во тие станови остана само вертикалните ѕидови со гламјосана и пеплосана покуќнина. Немаат ништо од своето домаќинство.

Граѓаните кои сакаат да помогнат за обнова на нивните услови за живот можат да донираат парични прилози на специјално отворената наменска сметка:

210073320500142
Олд Каар Гевгелија
НЛБ Тутунска Банка

Со назнака: Пожар Гевгелија

- „Ви благодариме однапред на хуманоста и на сите донатори јавно ќе им се заблагодариме по завршувањето на оваа акција!“ - пишуваат „Рено“ јунаците и потсетуваат дека прилози може да се донираат и на 4-ти август во специјална кутија за донации за време на нивниот организиран пречек во Стојаково оваа недела, а во тек е и организирање на мобилни оператори за отварање на телефонски броеви за донации.

Хуманитарци, време е да им помогнеме на нашите сограѓани кои за еден час изгубија се' што имаа во својот дом, заедно со кровот кој сега е само отворено небо над подот од некогашното семејно уредено живеалиште.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.