Топ Новости
Утрово приведен е гевгеличанец - Сабота, 01 Октомври 2022 17:14
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Културна алтернатив - БОШ по 11 пат во Гевгелија

Четврток, 22 Август 2019

Од вечерва, со отварање на колективната изложба „Арт резиденција Папрадиште“, а потоа прикажувањето на пет кратки филмови од т.н. „Летно кино“ во Народниот театар започнува четиридневната алтернативна културна манифестација БОШ 2019 во Гевгелија, по 11-ти пат.

Од 22 до 25 август на четири фестивалски сцени ќе се одржат 14 уметнички настани, од ликовната, музичката, филмска и театарска дејност. На репертоарот се концерти, изложби, претстави, перфроманси, работилници, саем на алтернативни издавачки продукции и работилници, диско забави и веќе озваничениот традиционален алтернативен простор - Сифулајка. Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), пред се' интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања.
Сите настани се бесплатни.
За одбележување е театарската претстава „Црнила ремикс“, која ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија, како и концертната програма на ракометното игралиште во Гевгелија, која стартува со настапот на ансамблот „Фолтин“.

БОШ беше првиот приказ на гевгелиската алтернатива пред 11 години, носејќи многу уметнички изведувачи од државата на неконвенционални простори пред гевгелиската публика: плочникот на Старата градска чаршија, дворот на Старото Забавиште во Гевгелија, тревникот пред Народниот театар. Еден од неговите иницијатори беше Бошко Бозаџиевски, млад актер од Гевгелија. По неговата прерана смрт фестивалот остана посветен на традицијата и неговиот град - Гевгелија, останувајќи и понатаму збиралиште на македонската алтернатива и собиралиште на уметници и нови поклоници на творештвото.

- „Инаетот и цврстиот карактер за децентрализација на урбаната култура е она што ги турка напред организаторите сиве години, вели Марија Стојанова, член на организациониот одбор на фестивалот и додава: „БОШ фестивал си има свое мото, а тоа е секоја година да биде барем за нијанса подобар од претходната“.

- „Фокусиран повеќе од било кога кон локалното, БОШ во својата 11-та година се отвара кон глобалното. Пробува да се излечи себе си од сите трауми, егзистенцијални кризи и неизвесноста за иднината преку одговорност за континуитет во децентрализираната фестивалска промоција на современите уметнички независни продукции. Да создаде културно лечилиште со егзотика на отворено, мирис на небо, подземјето на мегдан, земјата под нозе. БОШ Фестивал во Гегелија од 22– 25 август, за Бошко, за нас, за вас, за нив, четири дена за сите!“ - е јавната покана од организаторите на „БОШ Фестивал“ и Здружението „Арт еквилибриум“.
Фестивалската сцена се отвара вечерва во 19:00 часот со колективната изложба од Папрадиште во фоајето на Народниот театар, а во 20 часот следува „Летното кино“ на истиот простор. Влезот е слободен, а уметничката програмска понуда можете да ја воспримите со сетилата бесплатно.


Last modified on Четврток, 22 Август 2019 - 15:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

Вчера, недела 02.10.2022, во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од

Повеќе

Kомуналните покачувања повлечени од предлагачот

Корисниците на услугите на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија може да здивнат -

Повеќе

Утрово приведен е гевгеличанец

Во акциска контрола на МВР во координација со УЈП спроведена во угостителски

Повеќе

ТППЕ- Гевгелија доби ново возило од ДЗС

Современо возило опремено со водена пумпа од денеска е составен дел на возниот

Повеќе

Првачињата извисија од Општина Гевгелија - Советот одби да расправа за помош на

Со наслов: „Општина Гевгелија нема слух за првачињата“ денеска реагираше

Повеќе

Перо Митров, сопственик на „Јавор“ Мрзенци добитник на признание за туризам

Награда за животно дело за долгогодишен развој на угостителството и создавање

Повеќе

Обновено ракометното игралиште во Гевгелија со донација од Државна

Под слоганот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува

Повеќе

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.