Топ Новости
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Диктатурата во паника

Четврток, 10 Април 2014

Колумна на Мерсел Биљали во ПлусИнфо

 

Богат студент тргнал на шетање со својот професор. Одејќи по природата, во некое ќоше од нива, виделе стари чевли што му припаѓале на еден сиромашен селанец, кој во близина мачно ја копал нивата. „Ај да се шегуваме со селанецот, рекол студентот. Ќе му ги скриеме чевлите, а ние ќе се прибереме зад грмушките, за да му ја тестираме реакција“. Професорот не се согласил со такво нешто, туку предложил нешто сосема друго: „Ај на секој чевел да му ставиме по два златника, па тогаш да видиме како ќе реагира селанецот“. Откако завршил со работа, изнемоштениот селанец тргнал да ги обуе чевлите. Не можел да верува на очите кога видел два златника. Веднаш го фатил и другиот чевел и во него го пронашол истото. Јадниот селанец се избезумил од радост. Ги кренел рацете кон небото, очите му биле наполнети со солзи и во плач со сиот глас извикал: „Драг Господе, конечно на моите тешки маки им ставивте крај. Децата мои повеќе нема да плачат од глад. Сега тешко болната супруга ќе можам да ја однесам на лекар. А можеби ќе ми останат пари за да си купам еден коњ“. Професорот се свртел кон студентот: „Што ќе беше да постапевме по твоето? Никогаш немој да се шегуваш со туѓата невоља и беда“.

Но, власта наша, среде кампања, се шегува со маките на армија сиромашни и бедни, што самата ги создаде. Понижувачки се поигрува со судбината на тие што ги доведе до тоа да повеќе да се радуваат на смртта, отколку на животот. Пак ли сака да ги купи нивните гласови со нивни пари, оти пресметала дека толку чини нивната тажна судбина? Луѓето беа принудени на енормно осиромашување, за да може фамилијата до небо да се збогатува.

Ограбени и понижени луѓе сега имаат шанса да ги вратат своите пари. Пензионерите ќе ги носеле на викенд, само за да гласат за нив. А со чии пари го праваат тоа? Доста ни е од нивните лаги. Нели ветија развој, а осварија беда; ветија среќа, а ни донесоа тешка колкетивна несреќа; ветија економски „бум“, а остварија социјален „бум“. Ни ветија многу лопати, со кои сега можат само да нè погребуваат. И конечно, ветуваат плаќање струја, парно, вода, радиодифузна такса, банкарски сметки, само за да останат на власт. Оти ако паднат, тогаш од темел ќе им се урне нивната клептоманска империја, па ќе треба да ни ги вратат сите наши пари.

Сега сме на историски крстопат. Ќе ја задржиме постоечката катастрофа од владеење, или ќе тргнеме кон нормалата. Со ваква власт, загубивме многу и неповратно. Груевски веќе ја носи титулата „гробар на сегашноста и на иднината“. Тој, не само што ја доведе државата до економски колапс, до рекордна сиромаштија, до тотално партизирање на институциите, до пирамидално задолжување и до сè живо пирамидално, туку создаде таква општа состојба во државата што веќе во релевантните аналитички светски центри се распарава за тоа што со ова држава, која наликува на малечко детенце што ниту расте, ниту умира!
Познато е дека со конзумирање популизам и национализам, Милошевиќ ја запали цела Југославија, создаде пекол во БиХ, ги иселил Србите од Хрватска и остана без Косово. А и самиот лично заврши неславно. Ама, тоа не влијае поучно на нашиот премиер. Сигурен сум дека наскоро ќе ја видиме завршницата на ваквата политика, заснована врз лажна лилипутанска мегаломанија со цел ставање под хипноза на умот и на нормалноста, ама со скриена цел маскирање на невидениот криминал.

Овој човек, кој веќе осум години лета со леталото наречено ,,име“, наскоро ќе се урне на ѕидовите на лажниот антички замок. Тој цело време победува со името, иако државата дебело губи. На луѓето им вели дека ќе ги стопли, ама до коски ги гори. Пред осум години бевме лидер по интеграцијата, а сега сме лидер по сиромаштијата. На нашето лидерство му беше исечена главата со антички меч. Сега за нас не сакат да чујат ни во Африканската унија. Со години ни укажуваа многубројните меѓународни организации и институции - Фридом хаус, Стејт департментот, Репортери без граници, Стандард и Пурс, многу бројни официјални изјави од Вашингтон и Брисел. Конечно, пред некој ден и шефот на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР кај нас, Герт Аренс, кажа дека ние имаме сериозен проблем за одржување фер и демократски избори.

Продолжуваме да пловиме без компас. Сè уште не знаеме каде пловиме. Ама, немаме страв од пирати, оти тие се качени на бродот, дури и го управуваат. Градат нивна финансиска империја врз нашата сиромаштија. За осумте загубени години, Кина за два и пол пати го зголеми стандардот. Индија за два пати. Околните држави во просек за околу два пати. А нашите водачи дуваат на национализмот и одгледуваат лажен патриотизам. Сеат бели лаги за да жнеат црни пари. А ние до неодамно на нивните постапки се смеевме до солзи, но сега, кога ни престана смеата, ни преостанаа само солзите. Низ нив ги гледаме грдите знаменитости - Портата на поразот, Иселеник на коњ, Музејот на бедата и многу други споменици, кои во името на славното минато прават смешна иднина.
Сега е моментот. Ќе дозволиме ли пак да нè лажат и да нè газат?! Или ќе сфатиме дека ни треба нешто сосема ново? Нешто сосема спротивно од ова. Мора да престанеме да се плашиме. Мора да бидеме похрабри. Сигурно дека храбрите не живеат вечно, ама плашливците не живеат воопшто. Ако постапиме одлучно и организирано, сигурно дека и меѓународната заедница ќе биде на наша страна.

А диктатурата е во сериозна паника. Доста се поигруваше со туѓи судбини.

Last modified on Четврток, 10 Април 2014 - 14:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.