И вселената стана пазарно зависна од секојдневни продукти. Меѓународните вселенски станици кои со години лебдат во небесниот свод околу нас се зависни од дотур на намирници за екипажот.
Вселенското беспилотно летало „Progress 55“, е снимено како носи испорака за Меѓународната вселенска станица (ISS). Видеото се појави на каналот YouTube во средата (9 април).
„Progress 55“ исто така се нарекува „Progress M-23M“, што потекнува од врвот на една ракета од руско производство, познатите „Сојуз ракети“ за носење храна и други продукти за екипажот на вселенската станица.
На видеото се гледа до сантиметар точната прецизност на спојување на беспилотното вселенско летало со меѓународната вселенска станица (ISS).