Погледнете неколку снимки од симпатични бебиња и нивните реакции кога татковците им се враќаат од работа дома.
Бебињата во текот на денот со нетрпение очекуваат се’ и сешто што ќе го привлече нивното внимание, но ретко што може да го постигне ефектот на гооолема насмевка на ноивното лице како доаѓањето на некој близок родител. Оваа компилација на домашни видеа прикажува едно несекојдневно бебе шоу полно со неопислива радост, кога по долгиот ден во домашна игра бебињата ќе ги видат своите татковци.
Некои замавнуваат со рачињата, некои се исправат на нозе да ги дочекаат, некои подаруваат “бацка“, паѓа и по некоја солза, се’ на се’, воодушевувачка радост.
На видеоснимката, која беше поставена на YouTube минатата недела, веќе има над 580.000 прегледи, а гледачите ги коментираат сите тие милости на нежен татковски допир со своето дете. Оваа компилација, која е составена од неколку домашни видеа покажува како децата со нетрпение го очекуваат доаѓањето на родителите, а во неколку случаи во друштво на своите кученца. Во еден случај, бебето дури мораше да чека кучето да ја направи првата средба за добредојде на својот стопан.
Да не ви раскажуваме. Погледнете го видеото.