„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во Гевгелија
Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани кои се дел од нашата заедница го одбележаа Светскиот ден на лицата со попреченост.
На дефилето учествуваа членовите на: Здружение на глуви и наглуви лица од Гевгелија, Здружение на слепи лица Гевгелија, Здружение на лица со интелектуална попреченост - „Порака“ Гевгелија, Здружение на лица со телесен инвалидитет на Гевгелија- „Мобилност“ Гевгелија, Пулмонална Хипертензија ПХ- „Момент плуc“, Заедница на инвалидски организации, Центар за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“, а е придружија и членовите на „ChangeMakers4all“.
Целта на дефилето е подигање на јавната свест дека лицата со посебни потреби постојат, не треба да бидат игнорирани туку да бидат вклучени во заедницата како еднакви и рамноправни членови во неа.
Дефилето се одвиваше од пред Ценатрот за социјална работа до Народниот театар во Гевгелија каде беше организирана пригодна забава од самите учесници на манифестацијата и нивни гости поддржувачи, културно уметнички друштва од Општината. Во холот на Театарот беше отворена изложба на изработки од лицата посетители на Центарот за деца со посебни потреби и Центарот „Мајка Тереза“.
На сцената најпрво се обратија преставници од сите здруженија со порака за овој ден дека „И тие се тука“ дека се дел од нашата заедница, дека имаат свои потреби како и секој човек освен посебната грижа за нивната болест или инвалидитет кои треба да бидат олеснети со солидна здравствена нега и пристапни рампи за сите институции заради нормално одвивање на јавниот живот и комерцијалните потреби во платежните институции.
Бидејќи е ова нивен ден, забавниот дел беше посебно одбележан со учество на посебно подготвени точки на изведба. Тука беа: Биљана Димова членка на „Мобилност“ која настапи со своја поезија, Сања Попова и Мартин Костадинов придружувани од Борис Ќаев настапија со неколку музички нумери, Стојкова Душица со своја изведба.
Во манифестацијата исто учествуваа и членки од Здружението на слепи лица Лана Трајкова и Драѓе Анѓелески.
Програмата беше збогатена со настап на Културно уметничкото друштво од Негорци и КУД “Браќа Толеви” од Прдејци.
Им посакуваме здравје и сплотеносѕ на овие наши сограѓани.
Фото-насловна: МИА
Фото галерија: С. Томов
Видео: Александра Николовска
Image Gallery
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и
Благодарница за ТППЕ-Гевгелија од СДСМ и коалицијата во Советот
За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на
Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески
Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во
Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград
Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на
Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија
Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој
IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“
Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -