Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“ одржана во Гевгелија

Сабота, 07 Декември 2019

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството врз жените се придружи и Гевгелија, со одржувањето на тема „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“.
Предавачи на трибината беа д-р Боне Стеваноски - спец. психијатар, проф. д-р Татјана Стојановска Иванова - социолог, Татјана Бојкова инспектор по општа криминалистика во ПС, Гевгелија, и Тања Ѓореска, заменик командир во Полициска станица Гевгелија.
Организатор на трибината беше Форм на жени на СДСМ Гевгелија, а домаќин претседателската Марина Улишева.

Насилството во семејството д-р психијатар Боне Стеваноски го оквалификува како насилно однесување на член од семејството кој врши телесна, душевна, вербална, сексулана повреда на член од семејството заради остварување на доминација, заради материјална или друга душевна корист или лично задоволување. Познати се во науката и праксата во неговата психијатриска дејност неколку видови на семејно насилство: физичко, психичко (кои се помалку видливи оти жртвата ги крие знаците од страм), економско насилство (не дозволување на жената да работи, да се осамостојува финасиски), сексуално малтретирање, дури и инцест и мобинг на член во семејството (иако повеќе се зборува за мобинг на работното место).
Јавното зборување за знаците по кои може да се препознае семејното насилство е начин и жрвтвата и другите во околината, семејството да ги препознаат насилничките однесувања, бидејќи само така ќе го спречиме ланецот на создавање нови генерации насилници. Честа појава е децата израснати во средина каде постои семејно насилство да го прифатат и имитираат однесувањето на насилникот за да се спасат да бидат нова жртва кога тие ќе пораснат, погрешно мислејќи дека тоа е типично однесување во секое нормално семејство, истакна д-р Боне во својата презентација.
Тој се задржа и на децата во кругот на семејството од аспект на темата на трибината. Фрапантниот податок е дека повеќе од 4.000 деца во државата се изложени на семејно насилство како сведоци или се директни жртви на нападот. Децата во семејството трпат физичко, психичко, сексуално насилство, дури и казнувања и игнорирања како видови на насилство и сето тоа влијае на понатамошниот развој на детската личност.

Д-р Татјана Стојановска Иванова го анализираше социјално патолошкиот дефект: во ова модерно време на напредната технологија, комуникација се случува растечка појава на социопатолошки појави кои не го губат здивот со времето, напротив се повеќе е присутна употребата на дрога, појавата на семејно насилство, проституцијата. Како стручњаци пристапивме кон серија семинари посветени на насилството меѓу младите како растечка појава која треба сега да не' загрижува и да и' се најде форма и начин на запираше.
Посочувајќи ги примерите низ своето професионално искуство, д-р Татјана особено се осврна на начините како вербалното доживеано насилство придонело за (најпрво осрамотување на жртвата, изолација) но поважно е издигнувањето и пркоста да успеете и со добро и свој личен ангажман да ја надминете жртвата и нејзината злоба.
Таа прочита и приказна за девојчето Меги кое доживувало игноривање, вреѓање и омаловажување од својата учителка, а таа за возврат и купила парфем и ја замолила да го става понекогаш за да ја потсетува на нејзината мајка која е болна, во болница а девојчето Меги не ја гледало и и недостасувала. Сакала учителката со омилениот парфем од мајката да ја потсетува на неа. Кога успеала во животот, станала докторка и лекувала луѓе, а мајка и' веќе била почината ја поканила учителката да биде гостин на нејзината свадба и да го завзеде местото на починатата мајка. Приказна како вербалниот насилник се обезоружува со успехот и самосветса на жртвата.
Д-р Татјана потсети дека во државата постојат само четири центри за помош на жртви од семејно насилство. Жртвите нема каде да одат, се враќаат во семејството и имаме рецидив, затворен ланец на обновено семејно насилство кое продолжува.

Заеник командирот на ПС Гевгелија, Тања Ѓореска потенцираше дека во своето 22 годишно работно искуство, сериозно загрижува семејното насилство како се' повеќе присутен општествен проблем. Жртвите не се информирани за своите права, насилството се случува дома , место каде тие треба да се чувствуваат безбедно и не се осмелуваат да го пријават насилството оти немаат друга „дома“. МВР постапува по секоја една пријава. Жртвите начесто и најлесно им е да користат телефонска пријава на познатиот број 192. Полицијата постапува по секоја една пријава со доаѓање на лице место.

Инспекторката од одделот за општ криминал во ПС Гевгелија Татјана Бојкова истакна дека стапката на пораст на семејното насилство во Гевгелија се должи на охрабрените жртви за тоа да го пријават. Во 2017 година имало 14 пријави во кои жртва е жена, во 2018 13 пријави од кои 10 се однесува на жртва жена и во 2019 имало 13 пријави за семејно насилство од кои исто така во 10 случаи жртва е жена. Сите постапки се процесирани со изрекување мерка отстранување од домот, или забрана за приближување на домот.

Ова е доказ дека оваа тема и појава е присутна и во нашата средина и за неа треба јавно да се прозбори за да се охрабрат жртвите на пријава, или да се осмелат и сведоците на такво насилство (роднини, соседи, пријатели) да пријават таков вид на насилство кое е неоправдано и казниво според Кривичниот закон на РСМ.


Last modified on Сабота, 07 Декември 2019 - 13:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.