Били Ајлиш (18) со насловна песна за филмот за Џејмс Бонд

Среда, 15 Јануари 2020

Младата американска пејачка Били Ајлиш ќе ја пее насловната песна за новиот Џејмс Бонд филм No Time to Die и со своите 18 години таа е најмлад изведувач на насловната нумера за познатата филмска франшиза. Таа заедно со нејзиниот брат и главен соработник Финеус е автор на музиката и текстот на песната која засега нема наслов.

- „Лудо е да се биде дел од овој филм во секоја смисла, голема чест ми е што сум ангажирана. Џејмс Бонд е најкул франшиза на сите времиња. Сè уште сум во шок“ – вели Били.

Информацијата ја потврдија продуцентите на Џејмс Бонд филмовите, кои што секогаш придавале посебно значение на насловната песна за сите 007 филмови, тие секогаш се тематски и оригинални, а во серијата ангажирани изведувачи спаѓаат Адел, Дуран Дуран, Алиша Кис, Мадона, Пол Макартни, Сем Смит, Ширли Бејзи…

„No Time to Die“ е последен филм во кој актерот Даниел Крејг се појавува во улогата на тајниот агент 007. Во филмот режиран од страна на Кери Џоџи Фукунага глумат и Рами Малек, Леа Сејду, Лишана Линч, Рејф Фајнс, Наоми Харис, Кристоф Валц и други познати актери. Премиерата е во април годинава.

Самата музичарка на својот профил на Instagram го објави логото на 007 и напиша „Ја пеам насловната песна во Не е време за умирање“.
Многу често авторите и изведувачите на композициите за филмовите за Џејмс Бонд ги освојуваат Оскарите. Така, на Адел ѝ беше доделена златната статуатка за филмот „007: Координатѕи Скајфол“, а Џими Нејпс и Сем Смит за саундракот „007: Спектрум“.

Last modified on Среда, 15 Јануари 2020 - 12:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските

Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.