Роденденска торта на Гумење во сеќавање на Тоше

Сабота, 25 Јануари 2020

На Гумење во Крушево каде е вечното почивалиште на Тоше, денеска на датата кога требаше да полни 39 години фановите од земјава и странство го одбележаа 25 јануари, роденденот на големата македонска и балканска музичка ѕвезда и хуманистот Тоше Проески. Достоинствено, со повеќе настани, со почит пред гробното место на Гумење, со роденденска торта и многу емоции споделени од семејството, фановите од земјата и оние од соседните земји кои дојдоа за да оддадат почит кон нашата музичка легенда, така одмина денешниот ден на Гумење.

Тортата од семејството на Тоше и онаа од фановите од Бугарија од изутрината им се делеа на посетителите на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.
Спомен куќата на Гумење беше средиште на сеќавање и повеќе настани: цртежи и лични творби за Тоше, уникатни изработки, преработки на неговите песни, традиционална крводарителска акција. Има и нов експонат, вели директорката на спомен-куќата Елена Мирчевска.

– „Имаме многу настани и го одбележуваме овој ден достоинствено. Посветени се учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумоски-Борче“ и од основното „Никола Карев“. Посебно е тоа што, според програмата од Министерството за култура, првпат ја изложивме облеката што Тоше ја носеше кога ја претставуваше Македонија на Евросонг 2004 година. Тоа е реплика. Инаку имаме околу 700 експонати и традиционално за роденденот на Тоше, ги обновуваме. А посетителите за овие осум години се преку 650.000 од кои 30 отсто од странство, посебно од балканските земји, а чести се посетителите од Русија, од Холандија, Чешка, Нов Зеланд, Австралија“ – вели Мирчевска.

По 12 години од смртта на Тоше почна на се гради спомен обележјето.

– „Конечно, по 12 години откако Тоше Проески трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, се гради спомен-обележјето на неговото вечно почивалиште на Гумење. Од Владата се обезбедени 10 милиона денари, обележјето е симболично и треба да биде готово до јуни“ – нагласува претседателот на крушевскиот Совет Тома Петроски.
– „Обележјето е симболично. Во основата е во форма на крст како симбол на Тошевата религиозна припадност и вербата во Бога, всушност ова е и гробно место. Инаку, однадвор впечатокот за обележјето е како две раце склопени во молитва. Според приликите, треба да биде готово до јуни, а може и порано“ – објаснува Петроски.

Денеска, 25.01.2020 година, по шестнаесети пат беше организирана голема крводарителска акција која е посветена на нашиот голем хуманист Тоше Проески. Традиционалната акција е во знак на одбележување на неговиот роденден. Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Гази Баба , Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот. Исто така поддршка кон акцијата ќе дадат и волонтерите од Клуб 25- клуб на млади крводарители.




Last modified on Сабота, 25 Јануари 2020 - 19:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските

Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.