Топ Новости

Чувајте се, СЕДЕТЕ ДОМА!- порака од докторката од Куманово, заразена од корона

Среда, 25 Март 2020

Да заболиш од болеста од која ги лечиш своите пациенти е данокот на професијата да бидеш лекар, доктор. Тоа го мисли Гордана Николиќ, докторкaта од Куманово, која е позитивна на корона вирусот. Таа се огласи на својоt ФБ профил со порака до пријателите и граѓаните. Порача дека е ова битка со која мора да се избори, а ние останатите да се чуваме, да седиме дома.
Еве што напиша, пренесуваме интегрално:

„Драги мои ФБ пријатели, Ковид-19, не е шега!!!
Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид-19. Денес дознав. Шок, секако....не сакам да верувам. Немам написмено, ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува, допрва ќе има случаи. Но, за нас медицинските лица тоа е нешто за што знаеме дека може да ни' се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи..
Можам само да претпоставувам од кого го добив, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто да најдат. Имав контакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со „здрави“ луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од МК. Не знаеме кој е носител, а е навидум здрав.
Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа СЕДЕТЕ ДОМА, вие кои не морате да одите на работа. Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од 2 метра, ако веќе морате. Користете мобилен за муабет.
Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се' си мислам дека ова е лош сон, ама не е. Реалност е.
Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом. Цел живот нешто се борам и еве пак. Чувајте се. Постот го пишувам за доброто на сите“, порача докторката Николиќ.

Last modified on Среда, 25 Март 2020 - 03:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.