„Еден свет -заедно дома“ - концерт на Лејди Гага, Пол Макартни, Били Ајлиш…

Вторник, 07 Април 2020

Лејди Гага и организацијата „Глобал ситизен” собраа 35 милиони долари за борбата против коронавирусот. На 18 април ќе се организира и специјална ТВ-емисија, каде што ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер, Били Ајлиш и други познати пејачи, под наслов „Еден свет – заедно дома“, настан кој „Ху“ и социјалната платформа „Глобал Ситизен“ во партнерство ќе го продуцираат целото музичко доживување за светот.
Би-Би-Си 1 ќе прикажува адаптирана верзија на концертот на 19 април, вклучувајќи ексклузивни настапи од британски артисти и интервјуа со здравствени работници.

Лејди Гага изјави дека парите ќе бидат наменети за Светската здравствена организација (СЗО).
– „Пред сѐ, треба да ги славиме луѓето што се во првите борбени редови – здравствените работници!“, истакна Лејди Гага во видео-конференција денеска. Таа притоа рече дека претстојната манифестација не е за собирање парични средства, туку, едноставно, за потенцирање на важноста на човековата издржливост и храброст – кога е најпотребно, да се остане дома.

Емисијата ќе се емитува на 18 април во 20 часот во часовната зона на источниот брег на САД. Преносот ќе оди на телевизиите АБЦ, НБЦ, ЦБС, Ај-Харт-Медија и Бел Медија.
Домаќини на емисијата ќе бидат водителите Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел. Повеќечасовната програма ќе ја пренесуваат и стриминг-платформите Јутјуб, Епл, Фејсбук, Инстаграм, Твитер. Меѓу гостите се и Елтон Џон, Дејвид Бекам, Џон Леџенд, Еди Ведер, Кери Вашингтон, Крис Мартин од „Колдплеј“, Лизо, Џеј Балвин, Андреа Бочели и Малума.
Идрис Елба и негова сопруга Сабрина Елба, обајцата позитивни на коронавирусот, исто така, ќе учествуваат во специјалната емисија.

СЗО соопшти дека идејата за целиот проект потекнала од Лејди Гага.
Во минатиот век музичарите во светот се обединија и пееја заедно на концер со порака „Да ја нахраниме Африка“, денеска во актуелната светска пандемија светските музучари ќе пеат заедно со пораката „Еден свет-заедно дома“, за уникатниот најефикасен лек изолацијата, против ширењето на коронавирусот и собирање средства за борба против корона пандемијата.


Last modified on Вторник, 07 Април 2020 - 14:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.