Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Зафир Хаџиманов: Би го одиграл Митке да се смрзнат сите

Понеделник, 05 Мај 2014

Актер, пејач - за неговиот 70- роденден, половина век успешната кариера, за  фестивалот "Пролет во Београд", за театарот и семејството

Македонскиот уметник - актерот, пејач и композитор Зафир Хаџиманов на сцената е веќе половина век! Неговата богата кариера ја дополнуваат многу значајни награди, одлични песни и театарски улоги, а  50 години работа и 70 роденден овој сестран уметник ќе ги прослави на фестивалот "Пролет во Белград", кој од 16-18 мај, ќе се одржи во Домот на Синдикатите, под медијско покровителство на "Вечерње новости". Фестивалот ќе се отвори со концерт на евергрин музика, а дел од програмата ќе биде посветена на Зафир, кому на сцената ќе му се приклучи неговиот син, џез музичарот Васил Хаџиманов. Авторот на првиот македонски мјузикл "Ало, будење", кого низ животот и на сцената го пратеше најдобрата сенка - сопругата Сенка, го истакнува задоволството што двојниот јубилеј ќе го прослави со публиката.

- Знаете, 70 години не е бројка за поткусурување, туку зрелост во вистинска смисла на зборот - вели за  Зафир Хаџиманов .
- Имам барем три причини да бидам среќен што славам јубилеј. Првенствено затоа што мојата кариера ја започнав како фестивалски пејач, второ што на фестивалите учествував и како автор,  и најважна причина е што можеби ќе успееме да ја реанимираме музичката сцена со малку подобра музика, “ вели јубилеецот.

Освен уметноста како вроден талент од семејството Хаџиманови, Зафир важи и за одличен производител на вино, па го нарекуваат „Витез на виното“.
- Ако бев зафатен поради проблеми со окото и пукањето на рожницата, животот ме награди со винарското хоби. Имам 250 лозници и годишно произведувам 250 литри вино. Мојата напорна работа е призната и од Здружението на винари „Slankamenka“ и таа ме зеде зеде во своите редови. Добив титула " Витез на виното" во најстариот витешки ред "Суботички песок“.Веќе неколку пати сум бил наградуван за белото вино кое што го нареков „song“, а црвеното вино го нарековнаречен "стих".

* Со тебе ќе настапи синот Васил ?

- Васил и јас често работиме заедно, но тоа што го правам не е негова главна грижа , затоа што, тој пред се’ е џезер. Порано имавме прекрасни концерти, а подоцна се здружи со тетка му Бисера. Нема работено само со мајка му Сенка и за тоа единствено му замерувам. Сенка се повлече од музиката пред повеќе од 20 години , а тој не беше доволно упорен да ја убеди. Тоа е единствена „флека“ во нашиот фамилијарна опус. Можеби сега е доцна за да соработуваат, иако Сенка сеуште пее како славеј. И нашата внука Марта е исклучително надарени за музика. Ме импресионира колку е супериорна во интонативноста и фактот што веќе и компонира, иако има само 13 години.

* Како беше некогаш на "Белградска пролет" ?

- Сите ние кои денес нешто значиме во светот на лесните ноти, овде ги ковавме своите кариери. На Фестивалот "Белградска пролет" во осумдесеттите јас ја освоив првата награда со песната на Радослав Граиќ „Dokle tako Sonja“  и ја освоив и првата награда во "Детско пролече" со своја композиција. Кога ќе се држите до било кое од ова ниво и не се продавате бадијала за една песна, тогаш и публиката што ве слуша разбирам  дека го браните нејзиното ниво на вкус.
* Тешко беше да се остане верен на себе?

- Тоа не беше лесно. Живот во тандем со Сенка наметна таков систем на постоење. Кога започна онаа наша трагедија со војните, таа рече дека нема да пее повеќе, зашто сфати дека нема кому. Кога грмеа топовите, малите луѓе ги испратија музите на спиење и се откажаа  од натамошното такмичење со оние кои не заслужуваат да бидат во нивната лига.  Заедно со почетокот на војната, започна и мојата театарска кариера. Тогаш добив покана да играм во "Виолинист на покривот ",  потоа улогата на  Жан Валанж во  "Les Misérables", а подоцна пристигнаа и "Ребека" ...

* Театарот Ви стана засолниште?

Тоа беше мојот вид на азил. Во исто време јас бев желен за театар, зошто долго време бев надвор од него. Секогаш го носам театарот со себе, како полжавот својата куќичка. Тој е чип во мојата глава.

* Жалите ли за некоја неодиграна улога?

- Митке ми остана голема желба и денес би ја одиграл на начин сите да се смрзнат. Немам веќе време за да бидам лажно скромен. Знам што можам да направам, а што не! Тоа е моја крв и мојот југ. И Јеротије Пантиќ би го одиграл со задоволство, можеби за него сум стар, но Митке баш би ми легнал. Во театарот, јас го потврдив она што сум го работел целиот мој живот,  дека уметноста не се изведува, туку се живее. Кога ќе излезете на сцена, се’ е во ваши раце, вие ја водите играта.

Last modified on Понеделник, 05 Мај 2014 - 01:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Одбележан Светскиот ден на прва помош

По повод Светскиот ден на Првата помош, Црвен Крст на Македонија со град

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.