Топ Новости

Денис Јанкуловски: Се гордеам со сите мои колешки, Честит 12 Мај - Меѓународен ден на медицинските сестри

Вторник, 12 Мај 2020

Денис Јанкуловски е вработен во Институтот за јавно здравје во Скопје, секојдневно е на терен зема брисеви на сомнителни од ковид-19 и повеќе години е дел од јавното здравство во државата. За Денот на медицинските сестри - 12 Мај вели дека е горд што припаѓа на таа фела и испорачува искрени честитки до своите вредни колешки по повод меѓународниот ден за нивната професија. Еве што напиша по тој повод:

„Од мал или да речам нешто поголем од мал најголемата желба во врска со „што сакам да бидам кога ќе пораснам“ беше да работам на судска медицина (се запишав на Медицински факултет, стигнав до 1/3 и сега судската ми е на ТВ во CSI ????)

Си останав медицински техничар или како што секогаш си се зафркавам - јас сум сестра. И воопшто не жалам што немам диплома, тоа што сум, тоа што го работам едноставно го обожавам. Независно дали е земање брисеви на Микробиологија, дали е понекогаш дезинфекција или теренски во потрага по короната како дел од Епидемиологија. Впрочем не е ни битно каде и на кој дел. Едноставно - работиш.

ССС IV-ти степен Медицинска сестра - техничар за мене e една од најубавите струки. Дел си од здравствената нега која на луѓето и тоа како им е потребна. Професионално, но сепак си дел од нечиј живот, од твојата совесна, одговорна и секако стручна работа често зависи и понатамошниот дел од нечиј живот.

Секако дека работата на медицнинките сестри е со различна тежина на различни работни места. На некои места дури и исцрпувачка. Но чувството на излекуван и насмеан пациент секогаш ја потиснува тешкотијата со која моите колеги и колешки се среќаваат. Тоа чувство кое нас не` исполнува, чувство кое ни ги исполнува срцата и душата со пријатна емоција која нема дефиниција, е тоа чувство е бесценето.

Во семејството имам неколку медицински лица. Виновни за мојата определба и љубов кон медицината се моите две братучетки кои ми се повеќе од сестри Vesna Nedelkovska i Elena Nedelkovska, врвни доктори, моја гордост. Гледајќи ги нив и нивната работа бев воодушевен од нивниот начин на функционирање, од нивниот пристап, нивната сигурност и знаев дека мојот правец е натаму. Знаев дека нив како доктори им треба сестра во фамилија ????

Она за што се определив после основно во далечната 1986, она што го работам е она што го сакам, го работам со голем кеиф и љубов. Верувам дека ако не 100 барем 95% од медицинските сестри исто така работат затоа што не можеш да работиш нешто што е поврзано со човек, со неговото здравје а да не го работиш со вистинска посветеност и чувства.

Се гордеам со сите мои колешки, со нивното справување со секојдневните предизвици и чест ми е што сум дел од таа фела.
Нека ни е честит 12-ти мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри.
Гуш и бац од сестра Денко ❤️“ - напиша Денис на својот Фејсбук профил.

 

Last modified on Вторник, 12 Мај 2020 - 04:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.