По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното место Прдејци во близина на локалната црква „Св. Петка“.
Тампонирање, рамнење, создавање на основна рамка и бетонски слој на улицата „Ванчо Баламов“ во должина од 120 метри, но и бетонирана крсотсница на спојување со локалните улици е финишот кој денеска го реализираше градежниот тим на ДГПИ „Мансард“ од Гевгелија.
Ова е уште една од низата улични подобрувања кои ги реализира Општина Гевгелија како инвеститор на зафатите, а во согласност со Оперативниот план за подобрување на локалната улична инфраструктура во градот и населените места.
За овие подобрувања целиот тендерски опфат е доделен на градежната фирма „Мансард“ која како што гледаме на терен за ден-два усреќува по некој од жителите на веќе бетонираните улични краци, како „Деко Ковачев“ во Гевгелија (два крака), крак од улицата во Гевгелија која се протега долж одводниот канал „Рауљ“, крак во т.н. населба „Серменинска“, улица од Мостот на патот за Негорци кон новиот хотел „Paint it black”, бетирани се и две улици во с. Мрзенци, „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“, потоа улица од центарот на Петрово до селската Црква, а денеска завршија во Прдејци ...
Инфраструктурните подобрувања се дел од Програмата на локалната самоуправа за подобрување на локалната патна мрежа, улици и улични краци во Општината и се финансиски покриени од буџетот на општина Гевгелија.
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=5074:infrastrukturno-ulicno-podobruvanje-vo-prdejci&Itemid=664#sigProGalleriac4417e3c9e
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност
Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.
Реакција на Левица - Гевгелија
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни
Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на
Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се
Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран
Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални
Приведен грчки државјанин на Богородица
Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од