Нови инвестирања во детските градинки во Гевгелија и населените места

Петок, 19 Јуни 2020

Во пресрет на отварањето на детските градинки, под големиот притисок на родителите за згрижување на децата во овие специјализирани установи, до донесување на одлуката за нивна функционалност, овие денови додека трае ковид состојбата продолжуваат инвестиционите зафати, санации и доопремување на објектите во состав на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.

Во тек е обновување на јадрото на ѕидовите во ЈОУДГ „Детска радост“, замена на дотраениот ламперај од влага со гипс-картон, бојадисување на ѕидовите во сите шест објекти во состав на Установата, уредување на дворните површини, обновување на играчките, тендерска постапка за замена на мебелот во сите занимални во Детската градинка „Цветови“ и гардеробери во „Детска радост“ и „Цветови“.
Веднаш по овие зафати следува реновирање на сите магацински простории, како и изведби за зајакнување на капацитетот на постојната електрична инсталација во детските градинки.

Претходни месеци беше изведена замена на дотраениот под со ламинат во пет објекта на ЈОУДГ „Детска радост“ во Гевгелија и населените места, поставување на нова столаријата во ЈОУДГ „Детска радост“ и градинката во Негорци, опремени нови санитарни јазли во „Сончогледи“ и „Цветови“, климатизација на сите простории во шесте објекта на ЈОУДГ „Детска радост“ во Гевгелија и населените места, набавка на нови креветчиња, постелнина, инвестиционен влог на Установата од 7,3 милиони денари.

За нашите најмлади членови на заедницата со грижа и внимание во чисти, обновени, климатизирани, дизинфицирани услови за престој, игра и учење низ игра!

Last modified on Петок, 19 Јуни 2020 - 14:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.