ХМС Брана Конско - петдеценискиот капитален сон на гевгеличани се завршува до крајот на годината и ќе овозможи наводнување на пет пати поголема површина од сега постојната функционална земјоделска обработлива површина во гевгелиско.
Реализацијата на овој капитален зафат започна пред две години со вклучувањена цементниот дотур во оформените градежни формати од страна на изведувачот, а во присуство на Владиниот и општински врв како чин на теренско стартување на работите на најголемиот капитален проект во регионот во изминативе 50 години. Тогашниот премиер Зоран Заев, денеска како лидер на СДСМ ја посети Гевгелија и теренот на изведбените зафати:
- „Пред 2 години ја започнавме реализацијата на браната Конско којашто претставува најкрупен капитален проект што се гради во овој регион во изминативе 50 години. Решаваме многу важен проблем на гевгелиските земјоделци, но истовремено создаваме услови за развој и за напредок. Нови 8.000 хектари земјоделска површина ќе бидат наводнувани од оваа брана штом се финализира изградбата.
Земјоделците од овој крај ќе добијат навремено и ефикасно снабдување со вода во текот на производствената сезона со што ќе се намалат нивните производствени трошоци, а нашата земја ќе добие зголемување на производството и на конкурентноста на земјоделски производи од овој крај“ изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, во чиј мандат како премиер на Владата на СДСМ беше започнато со градба на овој капитален зафат на подрачјето на Општина Гевгелија, сон на петдецениски генерации функционери од овој крај.
Овој капитален проектот во вредност од 40 милиони евра, е финансиран од Програмата за рурален развој од Владата на РСМ, што ја реализира Министерството за земјоделство.
- „И во вакви тешки економски услови погодени од корона кризата продолжуваме да градиме за уште подобра инфраструктура потребна и погодна за новата развојна македонска економија“ посочи Заев.
- „Земјоделското производство, производството на храна е важна економска гранка и никогаш не треба да запре, или да биде затворено. Од тие причини, Владата предвоена од СДСМ и до сега и после големата победа на 15 јули ќе продолжи да го развива земјоделството и да овозможи уште посилна поддршка за земјоделството“, истакна Заев.
Досега се завршени 60% од градежните работи, а се очекува проектот да се финализира до крајот на годината.
СДСМ и Владата во овие три години покажаа што значи вистинска грижа за земјоделците и како се цени нивниот труд. Како одговорна партија остануваме посветени на развој на земјоделството и градење подобри услови за работа на нашите земјоделци, истакна Заев при посетата на Гевгелија и теренот на Конска брана.
Image Gallery
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Реакција на Левица - Гевгелија
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни
Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на
Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се
Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран
Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални
Приведен грчки државјанин на Богородица
Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и