Деца полни омраза, со омраза ги хранат!

Четврток, 25 Јуни 2020

Првото предизборно соочување на кандидатите за пратеници од изборните конкуренти синоќа бее промовирани на ТВ медиумите. Впечатокот од дебатата за Ивет Гјоргиева е поразителен -  видела деца (според младоста на кандидатите) полни омраза. Еве што напиша на социјалните мрежи:

„Ги фатив редум политичките рекламни обраќања на ТВ.
И на ВМРО-ДПМНЕ, оние децана полни омраза, толку многу што мислев екранот ќе прсне.
Кој ги родил, кој ги воспитал, со омраза ги хранат ?

21ви век
Очекував борба на идеи, ентузијазам за решенија, соочување со реалноста, а не блуење на национализам и омраза и тоа од устата на млади дечурлана.
Добро, не сум глупа, јасно ми е дека национализмот и омразата се единственото оружје на вмро дпмне, но искрено, се наежив

Свесна сум за многу неправилности и недостатоци во системот, немам ни намера ни воља да затворам очи, но за средувања треба работа и полека враќање на секоја цигла на свое место.

И знаете што, не е корумпираноста на поединци најголем проблем, со време системот ќе зајакне, нам најголем проблем ни' се омразата и национализмот кои на голема врата ги враќаат вмро дпмне и дуи.
Иста матрица друг терк.

Се' може да се решава, ама ова не смееме да дозволиме да шири корења.
Не младите да ги задојуваме со толкава омраза.

Образованието мора да биде најсилен столб на иднината на татковината.
Моралот, етиката мора да се вратат во чекор со цивилизацијата.

Да не залутаме во пештерското минато на страв и уцени по безбедноста.“

Автор: Ивет Гјоргиева - Фејсбук статус


Last modified on Четврток, 25 Јуни 2020 - 12:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.