Тимот на „Медена земја“ ќе биде дел од Академијата за ОСКАР

Среда, 01 Јули 2020

Maкедонското режисерско-продуцентско трио од филмот „Медена земја“, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како и продуцентот и монтажер на македонскиот документарен филм „Медена Земја“, Атанас Георгиев, се поканети да бидат членови на Американската академија за филмски уметности и науки.

Академијата е светски препознатлива како телото кое доделува Оскар, најпрестижната филмска награда во светот.

Во „Класата 2020 година“ Академијата покани вкупно 819 филмски професионалци за нови членови. Оние кои ќе го прифатат членството ќе имаат можност да гласаат во изборот на следните добитници за наградата Оскар.

Оваа година од Академијата соопштија дека воделе особено внимание за зголемување на бројот на жени и припадници на етничките и расните малцинства кои ќе бидат дел од оваа институција. Од сите примени 45% се жени, а 36% се припадници на етнички и расни заедници кои досега беа застапени многу малку во Академијата. Половина од новопримените членови доаѓаат надвор од Соединетите Американски Држави, а застапени се филмски професионалци од 68 различни држави.

„Академијата е пресреќна што може да ги покани овие успешни колеги патници во филмските уметности и науки. Ние секогаш со отворени раце го прифаќаме извонредниот талент кој ја отсликува богатата разноликост во нашата глобална филмска заедница, никогаш повеќе од сега“, рекол претседателот на Академијата, Давид Рубин.

„Медена Земја“ оствари историски успех за земјава со двете номинации за Оскари, во категориите за најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Истовремено македонскиот филм стана единствен документарец во историјата на овие награди кој истовремено бил номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.


Last modified on Среда, 01 Јули 2020 - 12:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.