Топ Новости

Претпоставки и коментари наместо да се праша втората страна

Вторник, 07 Јули 2020

Пишува: Весна Коловска

Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“.

Го реценцираме текстот на vecer.mk, насловен :„Боки по дома со другарките Катица и Радмила (фото+видео)“, во кој сајтот информира дека на социјалните мрежи се појави фотографија и видео на неправосилно осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во друштво на, како што пишува во текстот, „Катица Јанева и Радмила Шекеринска“.

Меѓутоа, најсуштинската повреда на новинарските стандарди е што е пропуштено основното новинарско правило, односно да се праша втората страна, во случајот Радмила Шекеринска. Особено што е предизборие, а медиумите не смеат да се најдат на една или друга страна, туку напротив, секое сомневање, секоја информација теба целосно да се провери, а фактите да се истражат.

Видеото поставено од каналот „Боки 13 и другарките“ веќе има 25.000 прегледи. За разлика од текстот, видеото не го содржи името на Шекеринска, туку на телопот има испишано:

„На гости кај Боки 13 Катица Јанева и ?“ за третото лице во друштвото, на кое во видеото не му се гледа ликот, туку е прикажано од зад грб.

 

Авторот на текстот на vecer.mk нема дилема кој е третиот во просторијата и продолжува коментаторски за „врската“ меѓу тројцата и пишува:

…Кои нели, се познаваат само од телевизија и кои седат на гости кај Боки во комплексот Орман. Претпоставуваме дека разговарале за женски работи како депилација, диета или што е тренди за облекување.

Во коментирањето и препоставките текстот оди понатаму, укажувајќи на „бизнис интересите на Шекеринска“.

…Или пак за покренување нови или олеснување на постоечки процеси кои ги води СЈО, а за кои Шеќеринска има бизнис интерес.

Изворот на информации на авторот му е Youtube, оставајќи го во убедување читателот дека авторот е во апсолутно во право и треба целосно да му верува. Притоа, авторот не консултирал експерт, кој на база на лошата снимка можеби би помогнал да ги потврди сличностите во снимката со личноста на која со сигурност се тврди дека е Радмила Шекеринска.

Во пишувањето на овој краток текст, авторот прекршил неколку принципи од Кодексот на новинари: Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Во членот 1 од Кодексот, пишува:

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

На прашање на Вистиномер за тврдењето за присутвото на Шекеринска во краткото видео, одговорија од Изборниот штаб на колацијата „Можеме“:

Фактот што имаме правна разрешница на случајот Рекет е само уште една потврда дека сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат а заштита нема за никој. ВМРО-ДПМНЕ сè уште не може да се помири дека вистината за случајот кој тие го монтираа со цел спасување на нивниот финансиер преку рушење на предметот Империја, конечно излезе на виделина. Фотографии и видеа кои со месеци се пласираат од ВМРО ДПМНЕ со цел да се прикаже наводна поврзаност на министрите на СДСМ со веќе осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева се јалов обид за дискредитација во кампањата. Правната разрешница на овој случај е најдобриот демант за тоа дека министерката Шекеринска или било кој друг од СДСМ е инволвиран во овој случај“

Фактите во овој случај се важни и поради тоа што се работи за дел од предизборното милје на објавување на аудио и видео материјали, кои се снимени тајно, без знаење на актерите, а кои се пласираат со цел да наштетат во кампањата на кандидатите.

„Прирачникот за етичко известување од избори во Северна Македонија“ на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потсетува на важната улога на медиумите и на новинарите кои во својата работа треба да бидат етички и професионални и да му служат на јавниот интерес.

Медиумите може да наведат различни извори на информации и потоа да ги проверат фактите за тоа што било кажано и да разобличат лажни тврдења преку наведување аргументи. Тоа значи дека треба да се избегне пристрасност во прилог на или против која било страна.

_______________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Вторник, 07 Јули 2020 - 21:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.