Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Изјава што Николовски не ја дал – „накалемена“ во наслов

Среда, 08 Јули 2020

Пишува: Ване Трајков

Во написот „Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Зае“’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори. Без ниту еден извор, изјава или став, авторот на текстот користи само фотографии и констатации а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот Николовски и кандидат за пратеник. Иако во текстот тврди дека станува збор за „парадоија во британски стил“ сепак новинарот не смее да дава погрешна слика кај читателите и да ги извртува фактите. Прашање е колкав дел од читателите воопшто ќе дојдат до делот каде се објаснува „дека станува збор за пародија“.

Имено станува збор за Фејсбук статус на екс министерот Љупчо Николовски кој патем е и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 од коалицијата ,,Можеме’’. Во рамките на предизборната кампања тој бил во посета и остварил средби со граѓаните на општина Чешиново –Облешево каде ја презентирал изборната програма, но никаде не споменува таква изјава како што е прикажана во текстот кој е предмет на рецензија.

- „Ме радуваат оптимизмот и вербата на граѓаните во Чешиново Облешево. Бев на пазарот, сретнав трговци, купувачи, ненамерни минувачи. Велат треба уште да се работи, ни треба подобар стандард, но далеку е подобро од тоа што беше пред три години. Не може ни да се спореди“ - напиша Николовски на Фејсбук каде постирал и повеќе фотографии

Со вака објавениот текст полн со непоткрепени констатации, направен е обид да се постави погрешна слика за предизборните активности на кандидат за пратеник, што е спротивно од Кодексот на новинари. Не само што не е објавена точна и проверена информација, туку не е негувана културата на говорот, ниту пак етиката, еден од постулатите на новинарскиот кодекс.

------------------------------------------------------------------------------
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

 

Last modified on Среда, 08 Јули 2020 - 14:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.