Топ Новости

Охридските доктори и специјализанти не биле искористени за „пиарот“ на Филипче

Четврток, 09 Јули 2020

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24, на 5 јули , под наслов „ (ФОТО) Докторите и специјализантите од охридските здравствени установи изманипулирани и искористени за пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?“.

Уште од самиот наслов, кој иако е поставен во прашална форма, се обвинува министерот за здравство дека ги злоупотребил специјализантите од охридските здравствени установи, кои учествуваа на трибина на тема здравство. Воедно во насловот се наведува ФОТО за да се омаловажат младите лекари кои се на фотографиите дека биле искористени како пиар на власта.

Во првиот пасус непознатиот автор пишува:

Денешниот настан кој се одржа на летната сцена Долни Сарај во Охрид, а на кој присуствуваше министерот за здравство Венко Филипче ги потврди сомнежите на докторите и специјализантите од охридската општа болница, кои како што објавивме вчера преку порака во група на Вибер беа повикувани да присуствуваат на средбата, дека станува збор за настан од партиски карактер.

Текстот е „поткрепен“ со скриншот од некоја порака на која е избришан авторот и во која нема ништо политичко. Освен покана до младите доктори на средба со министерот Филипче на тема специјализации.

Во објавата новинарот непрофесионално коментира, но и ја обвинува власта дека политички ги злоупотребила младите специјализанти. Текстот наликува на навивачко новинарство.

Од друга страна министерот Филипче информира дека имал средба со младите доктори за да ги слушне нивните предлози:

Во Охрид имавме одлична дискусија со младите здравствени работници. Ги слушнав нивните предлози и пораки – заеднички го унапредуваме здравствениот систем. Тие се активно вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само младите знаат што е најдобро за нив. Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани, напиша на својот фејсбук профил министерот Филипче.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, стои во член 13 на Кодексот на новинарите.

________________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Ова е оригиналниот пост на министерот Венко Филипче: Од состанокот произлегоа информации кои ги пренесоа и медиуми дека за прв пат во IPA 3 нструментот ќе има пари за здравство, за здравствениот систем.
Last modified on Четврток, 09 Јули 2020 - 16:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.