Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Лажна вест е дека Нина Ангеловска му понудила оставка на Заев

Сабота, 11 Јули 2020

Пишува Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со наслов „Заев не и дозволил на Нина Ангеловска да си даде оставка?!“, кој е полн со шпекулации, непоткрепени коментари и тенденциозно заземање страна кога се пишува за работата на министерката за финансии, што е во целосна спротивност со етичките новинарски принципи.

Само првата реченица од првиот пасус во текстот, каде се зборува за наводната понудена оставка на Ангеловска која Заев не ја прифатил, е од информативен карактер. Сето останато во целиот напис е авторски коментар, што се коси со членот 4 од Кодексот на новинарите, каде јасно е наведено дека новинарот мора да направи разграничување помеѓу веста и коментарот, односно фактите и мислењето.

Не е направен обид, или барем од написот не може да се види дека е направен обид да се добие став за причините за информацијата што е лиферувана, дека Ангеловска понудила своја оставка. Наспроти тоа, се шпекулира и се нагаѓаат причините.

„Дали се работело за суета, навреденост или обид да се избега од празната каса од страна на министерката, не ни е познато“, се коментира во дел од текстот. Наместо да се прашува и да се даваат претпоставки, изјава од министерката за финансии во која таа ќе даде појаснување, би била соодветен начин на покривање на проблематиката барем на најелементарно професионално ниво.

Присуството на најмалку два извори, односно аргументи од засегнатите страни, балансираност во известувањето и пренесување на проверени информации е основна задача на новинарот, а особено кога некој е прозван од непотврдени, анонимни извори, како што е наведено во член 1 Кодексот на новинарите на Македонија.

- „Очигледно се работи за лажна вест, нема ништо такво“, одговори министерката Нина Ангеловска за изнесените инсинуации во врска со нејзината наводна оставка.

Понатаму во текстот, авторот се осврнува и на видео отчетот на Ангеловска постиран на нејзината фејсбук страница, но не ги токува 38-те топ реализирани проекти, туку ја квалификува нејзината работа како „политичко самоубиство“, единствено врз основа на сопствена субјективна проценка.

Министерката Ангеловска за vistinomer.mk појасни:
- „Видеото е едноставно отчет за сработеното во изминатите 10 месеци откако сум на позцијата. Секогаш е добро да застанеме и да видиме што сме сработиле. Тоа го направивме со тимот и дел од истото го споделивме со граѓаните и јавноста.“

Новинарот има право да ги анализира и коментира владините мерки, вклучително и на важен сектор, каков што се финансиите, но тоа мора да бидат аналитички информации, поткрепени со експертиза од релевантни извори и достапни информации,а пред се, со добро познавање на опсервираната област.
Тенденциозна е и фотографијата под текстот, преземена од ФБ страницата на Ангеловска со нејзин коментар „Ретко појадувам, ама кога го правам тоа, сакам да е домашно“, насочена кон кампањата „Купувам домашно“.
Фотографијата воопшто не соодветствува со текстот, а авторот ја искористил за да манипулира со јавноста, со непримерен коментар:„ Како и да е, министерката Нина уште некој ден останува во својот кабинет, каде не знаеме што се работи, но знаеме што се појадува. Нека и е на здравје!“.

______________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Сабота, 11 Јули 2020 - 19:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.