Принтскрин не е доказ за предвидување на изборни резултати

Четврток, 16 Јули 2020

Пишува: Жаклина Цветковска

Целосно копиран текст, без никакво редактирање или појаснување од каде е обезбедена информацијата, е објавен на порталот dokazmakedonija.mk, со наслов „(ИНТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА) Николовски во паника пред пораз“, кој му послужил на авторот за изнесување на генерален заклучок за изборни резултати на една политичка опција.

Текстот во целост е пренесен од порталот lider.mk, каде во првиот пасус се наведува: „Економски лидер“ веќе подолго време има инфилтрирано свој човек во една од групите за комуникација за СДСМ“, но авторот не сметал за потребно да го наведе изворот на информацијата или да обезбеди линк до него, со што ги прекршил членовите 4 и 12 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Порталот dokazmakedonija.mk, врз основа на само еден принтскрин на наводна телефонска комуникација од друг медиум, пренесува личен заклучок и генерална оценка за изборната атмосфера во една политичка партија.

Но, дали принтскринот може да се смета за релевантен извор на информациите и колку е кредибилен за креирање на мислење во јавноста, особено за време на изборен молк и изборен процес?

Не е спорно дека новинарот има право да користи разни механизми за да дојде до вистината што е од јавен интерес, а со дигитализација на медиумскиот простор да се користат и нови профили на докази обезбедени преку интернет комуникацијата. Меѓутоа, проблематично е што овие докази безрезервно и без дополнителна проверка и појаснување на контекстот во кој се одвиваат, се пренесуваат и се претставуваат како професионален новинарски стандард, како што е сторено во рецензираната објава. Посебно прашање, пак, е релевантноста и кредибилноста на „инфилтрираниот човек на Економски лидер“, кој ги обезбедил информациите.

Не може врз основа на само една интерна комуникација да се изнесува генерален став и да се влијае на мислењето на јавноста во чувствителни периоди, каков што е изборниот процес. Особено што и во самиот текст е наведено дека ова е само „една од групите за комуникација на СДСМ“, а никаде не е посочено што се пренесува во другите комуникации за да се изведе генерален заклучок за изборната сосотојба во една политичка партија.

Понатаму, во насловот авторот тврди дека е „Николовски во паника пред пораз“, потпкрепувајќи го својот личен заклучок врз основа на интерната комуникација за ангажирање на тимовите за поголема излезност на неопределените. Текстот е објавен во текот на изборниот ден, додека се уште трае гласачкиот процес, но авторот веќе „знаел“ дека одредена политичка партија ќе доживее пораз, наведувајќи ја јавноста на заклучок што во тој момент никако не можел да биде потврден.

Од друга страна, недозволиво и непримерно е новинар да коментира и прогнозира изборни резултати пред тие да бидат потврдени и објавени од официјални органи, со што е прекршен и членот 14 од Кодексот на новинарите.

И на крајот, не мора да значи дека информацијата е точна само затоа што е пренесена од партиски функционер. Новинарот не смее да прејудицира со заклучоци, се додека тие не бидат потврдени со факти од кредибилни извори.

_______________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Четврток, 16 Јули 2020 - 21:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.