Топ Новости

Дезинформација за притвор на градоначалникот на Василево, преземена од десетина портали без проверка

Четврток, 16 Јули 2020

Пишува: Ване Трајков

Веста објавена во Инфомакс на 14.07.2020 под наслов „Определен притвор за градоначалник и уште еден струмичанец поради делење на предизборен потпуп?“ е дезинформација и манипулира со цел да се дискредитира градоначалник од редовите на владеачката СДСМ, и тоа во преидзборен молк. Порталот уште во самиот наслов констатира без да ја провери информацијата од ниту еден релевантен извор и го навлекува читателот на погрешна вистина.

Полицијата трага по градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев и по лицето Лазо Кутуровиќ-Д’лгио поради давање на преидзборен поткуп во Василево и општините кои гравитираат околу Струмица.

Оваа дезинформација за неколку минути беше преземена од најмлаку десетина други портали со сензационалистички наслови, со надополнување на веста дека „Јавен обвинител веќе определил мерка притвор за двајцата“. Притоа преземањето е направено без проверка, но дел од медиумите по неколку часа ја повлекоа веста без никакво образложение.

Веста за „наводнио“’ притвор ја демантираше дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на својата официјална ФБ страна. Демант стаса и од СВР Струмица од каде апелираа до медиумите да не изнесуваат невистини во предизборен период

Во однос на изнесените вести на одредени веб портали дека е определена мерка притвор за лицето М.Ј. и за уште едно лице од општина Василево, ве известуваме дека таква мерка „притвор“ не е определена спрема посочените лица, туку на истите им е врачена покана заради обавување на разговор и давање потребни известувања, стои во соопштението од СВР Струмица

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев за Вистиномер изјави дека не било првпат да биде оцрнет и дискредитиран од одредени портали без да се слушне втората страна на приказната. Тој негираше дека бил приведен и дека тоа е директен атак врз неговата успешна работа

- „Запрепастен сум од жестината на нападите и клевети, за кои сметам дека е апсолутно апсурдно да ги коментирам и во овој специфичен период да подгревам нечии страсти. Најодговорно тврдам дека т.н информации што определени медиуми ги пласираат за мене и ги шират преку социјалните медиуми се целосни лаги и апсолутни невистини. Со чисто срце и разум целосно ги отфрлам и демантирам и притоа упатувам апел, лудилото да му отстапи место на разумот и конечно сите да престанат да ја трошат својата креативна енергија и потенцијал на лаги и клевeти туку на нешто позитивно и добро“, изјави градоначалникот Јанев, кој подвлече дека разрешницата ќе ја бара во рамките на институциите.

_____________________________________________________________________
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Четврток, 16 Јули 2020 - 21:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.