Топ Новости

Над 30 илјади неважечки ливчиња не се несвојствени за избори

Среда, 22 Јули 2020

Од Љубомир Костовски

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски на една од прес-конференциите по завршувањето на изборите за новиот парламентарен состав, даде изјава во која се сомнева во резултатите од изборите. Како причина тој го наведе големиот број на неважечки ливчиња при ниска излезност на гласачите.

Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30 илјади кои се несвојствени за избори со ваква излезност, а воедно ќе напоменам дека функционери и експоненти блиски до СДСМ јавно водеа кампања да се пречкртуваат ливчиња и лажно тоа го преставуваа дека е повик на ВМРО-ДПМНЕ. Голем дел од тие ливчиња се гласови за ВМРО-ДПМНЕ кои сега се сметаат за неважечки. Што значи се поништува нивната волја. Затоа ние ќе побараме како политичка партија рачно пребројување на гласачките ливчиња. Потребно е во овие моменти да се заштити волјата на граѓаните. Да се штити демократијата во Република Македонија. Институциите им го должат ова на граѓаните и затоа мора да го реализираат, рече Арсовски.

[Извор: 360 степени – датум: 17.01.2020 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Изјавата на Арсовски е невистина, без каква било основа во досегашните изборни резултати. Бројот на неважечки ливчиња отсекогаш бил дел од избониот „фолклор“, а партијата ВМРО ДПМНЕ која 11 години добиваше на сите избори изведени во тој временски дијапазон, никогаш не се жалеше на таквата појава при изјаснување на граѓаните.

Да одиме наназад, ланските претседателски избори, на пример, во првиот круг, кога учествуваат тројца кандидати, бројот на неважечки ливчиња изнесувал 32.696, додека во вториот круг, каде имаше изборен натпревар меѓу двајца кандидати, неважечки беа 30.407 гласачки ливчиња. Излезноста и тогаш беше слична – во првиот круг таа изнесуваше 51 отсто, а во вториот 45 отсто. Имавме ниска излезност, посебно во вториот круг, пониска отсега (50,5 отсто) ама бројката на ливчиња со разни „хиероглифи“ беше речиси идентична.

Уште поилустративен е примерот со Референдумот кој се одржа во земјава во 2018 година, кога излезноста беше доста пониска (истиот не беше обврзувачки). Имено, гласале 609.814 гласачи, а неважечки биле 19.230 ливчиња или близу три отсто од оние кои пристапиле до гласачките кутии. Што би рекол на ова Арсовски?!

Одејќи наназад стигнуваме до локалните избори во 2017 година, кога бројот на неважечки ливчиња бил дури 56 илјади!

Во првиот круг на локалните избори ДИК утврдил дека 44.481 од гласачките ливчиња се неважечки. Бројот на неважечки ливчиња е поголем за нешто над 6.000 од оној за изборите за градоначалник во 2013, кој по двата круга ги имало 38.787.

И во вториот круг на локалните избори во земјава во 2017 година се утврдени голем број неважечки ливчиња. Според податоците на ДИК, вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња во вториот круг е 12.282.

Да не должиме, да укажеме само дека бројот на неважечки ливчиња на парламентарните избори во 2014 година бил 23.428, но тогаш се уважувале и ливчиња на кои имало ненамерна чкртаница или други отстапувања. На претседателските избори во 2009 година имало приближно како и на првиот круг од гласањето – 45.513 неважечки ливчиња.

Ова јасно покажува дека овој тип на гласање е просто дел од изборниот фолклор кај нас. Понатаму, истиот е редовен револт во однос на понудите на партиите односно одговор на разните притисоци за излез на гласање, кога гласачот не може да ги одбие тие постапки кон него, ама сепак не го дава својот глас за таквата ситуација.

Како и да е, Арсовски не ја говори вистината и се обидува да ја манипулира јавноста.

ИЗВОРИ:

360 степени (17.07.2020): Арсовски: Бараме да се пребројат гласачките ливчиња, голем дел од неважечките се за ВМРО-ДПМНЕ [Проверено на 21.07.2020]

Мк. Википедија – Македонски претседателски избори (2019) [Проверено на 21.07.2020]
Мк.Википедија – Референдум во Македонија (2018) [Проверено на 21.07.2020]

Државна изборна комисија ( ДИК) – Локални избори во Македонија (2017) [Проверено на 21.07.2020]

Државна изборна комисија ( ДИК) – Локални избори во Македонија (2013)[Проверено на 21.07.2020]

Правдико (30.10.2017): Над 56 илјади неважечки ливчиња на локалните избори [Проверено на 21.07.2020]

_____________________________________________________________________

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.


Last modified on Среда, 22 Јули 2020 - 21:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана

Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни

Повеќе

МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно

Повеќе

Приведени 18 лица во Стар Дојран

Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност

Повеќе

По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов

- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на

Повеќе

Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет

- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас

Повеќе

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.