Десетгодишнината од фестивалското-музичко-сценско издание на југот од Македонија „Д-Фестивал 2020“ оваа година ќе се одржи наместо на почетокот на летната туристичка сезона, на 22 август, што за преполнетиот Дојран ќе значи во екот на туристиката посетеност на ова летувалиште.
Уметниците изведувачи се секако атрактивни, но хендикепе што поради корона епидемијата во земјата програмата ќе биде со скратени здание и со капацитет на прием на посетители, од само 30%, така потврдуваат организаторите.
– „Тој ден на главната бина во Дојран ќе настапат популарни домашни музички имиња како „Суперхикс”, „ЛД Пистолеро”, „Бон Праскиза” и уште неколку, а бројот на посетителите ќе биде ограничен на 30 отсто од предвидениот капацитет, велат организаторите.
Поради неможноста јубилејниот роденден да се прослави традиционално, со богата тридневна програма, големото официјално фестивалско издание е презакажано за 2021 година во периодот од 2 до 4 јули кога меѓу артистите, кои досега се потврдени, ќе биде и Кеј-Вај Мани, синот на Боб Марли.
– „Сите кои имаат набавено билети за фестивалот до 30 јули ќе можат да присуствуваат на двете фестивалски изданија, годинашното едновневно и на големото роденденско издание догодина на кое ќе се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци“, велат од организацијата на „Д-фестивал“.
Организаторите објавија и посебен протокол за движење и мерки за заштита на фестивалскиот прием на посетители и гости изведувачи, како и програмата за одложеното роденденско издание за 2021. Целиот паркинг ќе биде една голема шаховска табла, поделена на квадрати со адекватна протоколарна квадратура и означен број во секој од нив. Пропишано растојание од 1,5 метри, носење маска и дезинфекција на рацете.
Билет за еднодневната забава на 22 август чини 400,- денари.
Билетите за тридневното издание 2021 од 2-4 јули чини 800 дена за три дена фестивалска забава без кампување и 850 дена за три дневно следење на програмата на фестивалот со кампување.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место