Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви од Богданци - со уметничко име „SAP Brothers“ во саботата го промовираа својот видео-музички првенец „Љубов си ти“ кој веќе си најде публика и одобрување од преку 13 илјади прегледи за два дена.
Во рустикална атмосфера, снимено во амбиентот на локалниот планински убавец Кожуф, со нивниот миленик кучето Арон, браќата пеат за пополнетата љубов и доверба од четириножниот човеков пријател.
Музиката е авторско дело на „SAP Brothers“, режија, снимање, монтажа и аудио продукција на Ѓорги Вацев. Солистичка поддршка на гитара имаат од Горан Алич, а пратечки вокал е нивната сограѓанка Василка Ќортошева.
Топли јужни звуци за опуштање од веселата екипа на млади соработници од југот, од Богданци.
- „Прекрасно е чувството кога имаш некој до тебе кој секој можен момент го претвара во среќа. Среќни сме што те имаме АРОН! Љубов си ти!“ - објавија „SAP Brothers“ со промвирањето на своето видео на социјалните мрежи.
- „Ова е наша приказна, но мора да признаеме дека си земаме уметничка слобода за да ја раскажеме на поинаков начин. Ние се фокусираме на музиката, љубовта, имагинацијата и смеата и затоа го направивме тоа. За забава и задоволство наше и ваше“, порачува Влатко Сапламаев.
Повозрасниот член Бранко пак вели: - „Единствено нешто што го сакаме во моментот е на спонтан и ненаметлив начин да ги отргнеме мислите на публиката од секојдневието и да ве поканиме во еден поинаков и барем за нас интересен и забавен свет“, веројатно мисли на музиката, опуштениот планински амбиент на Кожуф и несебичната посветена грижа и друштвеност на човековиот пријател, кој е дел од нивното семејство, песот Арон, а можете и вие да размислите за своја замена на некој Арон.
Спотот веќе се врти и на домашните радио фреквенции, а браќата Сапламаеви најавија продолжение на нивните музички-видео проекти.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој