Во сезонската понуда се' уште се акуелни тиквичките.
Овој плод содржи многу мала количина коларии (17 калории на 100 грама) и затоа се препорачува во диети за слабеење. Освен тоа, тиквицата е природен диуретик, па во народната медицини се користи за исфрлување на вишокот течности од организмот, а се верува и дека го намалуваат холестеролот и ја прочистуваат крвта. Меѓу другите познати својства на тиквата е што ја подобрува и концентрацијата. Содржи значајни количини на витаминот Ц, што е најкорисен витамин за нашиот метаболизам и оджување на имунолошкиот систем.
Знаејки го сето ова, а и желбата да пробате нешто ново во вашата кујна, ви предлагаме да испробате нов рецепт за вашето семејство - „солени палачински од тиквици“.
Потребни состојки:
- 1 тиквичка
- 3 јајца
- 350 мл млеко
- 100 мл газирана вода
- 50 гр путер
- 250 гр брашно
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
Излупете ја тиквичката и изрендајте ја. Посолете ја и оставете ја да отстои околу 20 минути, а потоа исцедете ја. Изматете ги јајцата во длабок сад и посолете. Може да додадете и други зачини по ваша желба.
Додадете брашно, млеко и газирана вода за да направите смеса за палачинки. Смесата треба да биде малку погуста. Ставете ја тиквичката во смесата и промешајте. Испржете ги палачинките, една по една, од двете страни.
Може да ги послужите со павлака, или да ги наполните со мелено месо па да ги запечете малку во рерна. Верувајте и децата ќе сакаат да ги вкусат солените палачинки.
Добар апетит!
"""""""""""""""""""""""</p>"
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети