Спејс Шатл Алманах на „Твитер“ потврди дека вселенското летало „Аксиом“ во октомври 2021 ќе летне во вселената, а членови на екипажот ќе бидат холивудската филмска ѕвезда Том Круз и пилотот Мајк Лопез Алегриа, како дел од филмски проект потпомогнат од НАСА и „Спејс Икс“.
НАСА ја потврди својата вклученост во овој проект.
- „НАСА е возбудена што ќе работи со Том Круз! Потребни ни' се популарни медиумски личности за да ги инспирираме новите генерации инженери и научници да ги направат амбициозните планови на НАСА реалност“ - напиша на Твитер администраторот на НАСА, Џим Бриденштајн.
Неколку часа подоцна, извршниот директор на Спејс Икс, техниолошкиот маг Илон Маск му твитна на Брајденстајн: „Треба да биде многу забавно!“. Тој исто така ќе учествува заедно со НАСА во реализација на проектот.
Филмот, кој се' уште нема име, беше претставен на „Универзал“ преку апликацијата Zoom. Режисерот на филмот е Даг Лиман со кого Том Круз соработуваше во филмот „На работ на утрешнината“. Моментално тој работи на сценариото. Буџетот на филмот е 200 милиони долари.
Холивудскиот филмски јунак од „Невозможна мисија“, Том Круз познат по ризичните сцени кои сам ги изведува без каскадер, овојпат во неверојатна мисија, со филмски сцени директно снимени во вселената.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место