Топ Новости

Бамларник

Недела, 04 Октомври 2020

Ориентален рецепт за подготовка на риба со сезонскиот зеленчук - вкусните бамли и незаменливите домати присутни во секој медитерански рецепт.
Ова несекојдневнo, а лесно за подготовка јадење го опиша за свој омилен рецепт кој често го подготвува, наречен „Бамларник“ турската актерка која во серијата „Сулејман Величествениот“ ја играше првата сопруга на султанот.

Потребни состојки:
- 1/2 кг бамија
- 4 големи домати
- 1 главици кромид
- 2 чешњиња лук
- 800 гр.сардини
- китка магдонос
- црн пипер и сол по вкус
- маслиново масло
- 1 дц бело вино

Сардините се подредуваат во намрсено тавче со маслинов зејтин и се посолуваат. Над нив се стават исчистените и измиени бамли, (цели плодови, или на парчиња ако се поголеми). Кромидот исецкан на коцки и чешњињата лук се ставаат помеѓу бамјите. Врз нив се ставаат доматите претходно исецкани на мали коцки. Над се' одозгора се расејува ситно исецканиот магдонос. Сета смеса се попркува со маслиново масло. Се полева со бело вино и се става да се пече во загреана рерна на 200 степени.

После 40 минути ќе имате вкусно јадење од ориенталната кујна на султановата сопруга.
Добар апетит.


Last modified on Недела, 04 Октомври 2020 - 13:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.