Топ Новости

Бугарското вето низ призмата на Уставот и очилата на Галбрајт, Винер и Гоце

Сабота, 12 Декември 2020

Професорот по правни науки на ФОН, Темелко Ристевски има свој одговор за неконструктивноста на бугарското вето според Уставот на РМ. А, и Гоце би бил против ветото, наспроти можноста за пријателство и создавање широко поле за кулурен натпревар меѓу народите. Во контекс на ова професорот напиша: 

Република Северна Македонија и Република Бугарија ex officio се пријателски држави. Пријателството, гледано социолошки, е општествен однос. Некој ќе рече дека пријателството меѓу државите е политички однос. Но и политичките односи се општествени.

Како и да е, пријателството подразбира взаемна доверба и почитување меѓу пријателите како субјекти на пријателството. На вистинското пријателство му се туѓи стравувањата и сомнежите.

Република Бугарија стравува од можни територијални претензии и претензии за признавање на македонското национално малцинство во неа од страна на Република Северна Македонија.

Со Амандманот I на членот 3 од Уставот, Република Северна Македонија гарантира дека нема територијални претензии кон соседните држави. Со амандманот XXXVI, на членот 49 пак, Републиката гарантира дека нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи во однос на националните малцинства. Со вакви гаранции, содржани во највисокиот правен акт (Основниот закон) на Република Северна Македонија, нема основа за стравување од било какви претензии на Републиката кон нејзиниот источен сосед.

Гледано од материјално-правна гледна точка, Република Северна Македонија е околу четири пати помала од Република Бугарија. Тоа значи дека има околу четири пати помалку ресурси од неа, како човечки, така иматеријални и просторни. Ресурсите се материјална основа на моќта за која пишува Џон Кенет Галбрајт (The Anatomy of Power). Ако Република Северна Македонија има четири пати помалку ресурси од Република Бугарија, тоа значи има четири пати помала моќ од неа. Држава која има четири пати помала моќ од другата држава не може да има територијални и малцински претензии кон неа. Претензиите подразбираат и поседување на соодветна моќ за нивната реализација. На понемоќната држава, во конкретниов случај на Република Северна Македонија, и останува да одговори со уште поголема моќ. Така би рекол Галбрајт. 

Во современиов свет во кој односите меѓу државите се засновани на универзалните вредности на Повелбата на ООН, на Универзалната декларација за човекови права и нејзините пропратни документи (Меѓународниот пакт за економски социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права), а во Европа и на Европската конвенција за човекови права и нејзините протоколи, најголема моќ е моќта на пријателството.

Со пријателството се отвораат вратите на размена на стоки и услуги и на соработка во сите области на општествениот живот: наука, култура, образование, спорт, одбрана, заштита на животната средина и т.н.

Според таткото на кибернетиката Норберт Винер, во современиов свет да се живее (опстојува) делотворно, значи да се учествува во непрестаната размена на влијанија во окружувањето и делотворно да се влијае на негo (Cybernetics and Society).

Окружување на Република Северна Македонија и на Република Бугарија се Европската Унија и НАТО. Двете се членки на НАТО, а едната е членка на Европската унија, додека другата е кандидат за членство. Во такво окружување народите и државите со освојуваат со пријателство. Затоа Република Бугарија треба да и помага на Република Северна Македонија, таа што побрзо да стане членка на Европската унија. Тогаш, кога државната граница ќе стане обична административна меѓа меѓу двете држави, на Република Бугарија ќе и се створат огромни можности да ја „освојува“ Република Северна Македонија со размена на стоки и услуги во сите области на општествениот живот, со наука, култура, образование и т.н. Се разбира, такви можности во однос на Република Бугарија ќе и се створат и на Република Северна Македонија. Тогаш териториите на двете соседни држави, како и на сите држави членки на Европската унија, ќе станат поле за културен натпревар меѓу народите за што мечтаел Гоце Делчев. А во културниот натпревар, како и во секој друг натпревар, победува оној што е подобар.

Автор: Темелко Ристески - професор по право на ФОН



Last modified on Сабота, 12 Декември 2020 - 19:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.